Колку се мили  Твоите живеалишта, Господи на силите! Копнее душата моја сакајќи да е во господовите дворови... Блажени се оние, кои живеат во домот Твој; тие постојано Те фалат."
Вакво е чувството кога водени од љубов кон Бога ќе ја отвориме вратата на ова духовно светилиште,  во кое  повторно заживеа монашкиот живот под закрила на големиот маченик и победоносец Св. Георгиј. Како пред тебе да се отворила некоја таинствена градина, еден нов, поинаков свет кој те исполнува со благодат, едно мало делче од рајот оставено тука за во срцето да ни буди копнеж за Бога и за вечната радост во нашата небесна татковина. 
Овој прекрасен манастир е возобновен со голем труд и залагање на игуменот на Бигорскиот манастир на „Св. Јован Крстител“ архимандрит Партениј. Тој, со голема почит кон Победоносецот, заедно со неговите во Христа браќа, не само што го подигна од темел туку и духовно го заживеа неговиот свет дом. Имено, во периодот после втората светска војна манастирот на Св. Георгиј бил целосно запуштен, при што од конаците имаше останато само неколку простории, оставени на заборав и веќе на распаѓање. Сепак големата желба и силна вера на архимандрит Партениј не останаа без плод. По милоста Божја подготовките за возобнова започнаа уште во летото 1999 год, а на самиот ден Крстовден 1999 год., во присуство на митрополит Тимотеј, беа преосветени темелите на новите манастирски конаци, кои за нешто повеќе од една година како феникс се издигнаа врз темелите на стариот манастирски комплекс.  Веќе на 4-ти јуни 2001 манастирот беше осветен и еве веќе седум години како постои како активен женски манастир под духовно покровителство на Бигорската обител.
 Во минатото манастирот на Св. Георгиј функционирал како економски дел во склоп на Бигорскиот манастир. Бил мошне богат и поседувал големи манастирски имоти, ниви и лозја. Овде се произведувале многу продукти за потребите на Бигорското светилиште. Низ годините на бурната  македонска историја неколку пати бил напаѓан и рушен, сепак грижата на игумените на Бигорската обител постојано го обновувала и одржувала овој метох. Можеби најзаслужен ктитор, одговорен за неговата обнова во подалечното минато е игумен Арсениј (игуменствувал од 1807 до 1839), под  чие  раководство и била подигната денешната црква, која датира од 1835 год., а е изградена врз темелите на уште постара црква од 16 в. Црквата изобилува со богат фрескопис изработен од рацете на монах Данаиил заедно со татко му Михаил, како и на Дичо Зограф- познати зографи од 19 в. Овој фрескопис е во целост зачуван  и претставува значаен дел од богатата ризница на културно-историското наследство на македонскиот народ.

 Во возобновениот конак за прв пат беше подигнат и параклис посветен на тројца светители: Св. Јоан Кукузел, Св Григориј Палама и Св. Нектариј Битолски. Фрескописот во параклисот, кој е во византиски стил, по образец на фреските од „Св.Богородица - Перивлепта“ во Охрид, беше завршен во 2005 год. Потоа  следеше и осветување од страна на митрополит Тимотеј, кое по Божја промисла, беше извршено токму на денот посветен на Св. Григириј Палама, во втората недела од Великиот Пост. Овој ден традиционално се прославува со сеноќно бдение секоја година.

Сестринството во манастирот, кое го сочинуваат 10 сестри, живее според типик востановен од игуменот - Отец Партениј, по пример  на Светогорските манастири. Ваквиот типик, односно ред на живеење, вклучува целосен литургиски живот со секојдневна литургија, утрени и вечерни служби и сеноќни бденија спроти  манастирските слави и поголемите празници. Покрај секојдневните послушанија, овде се негува еден навистина редок занает кој им е главно занимање на сестрите, а тоа е изработката на епископски митри. Работата е навистина благородна, се работи со молитва и како плод на послушанието кон старецот, од рацете на монахињите излегуваат навистина прекрасни и уникатни мајсторски дела, кои се дел од богослужбените одежди на многу епископи и патријарси, меѓу кои и Вселенскиот Патријарх. Освен ова, сестрите се вклучени и во изработката на икони, на светогорски темјан а од неодамна активно работат и во разрешувањето на проблеми на посебни социјални случаи, особено кај младите кои се се позагрозени во овој свет исполнет со пороци и страсти. 
 Особено сведоштво за преголемата Божја милост и за моќното застапништво на славниот патрон на манастирот е присуството на моштите од светиот Победоносец, поточно делче од неговата рака, кои пред неколку години на чудесен начин пристигнаа во ова светилиште и се голем благослов за нашиот православен народ. Освен нив тука се и неодамна добиените мошти од Св. Јован Кукузел, како и честичката од чесниот Крст.
  Бидејќи манастирот е од отворен тип, постојано е посетуван од гости, верници и туристи кои во оваа светилиште наоѓаат силна духовна поткрепа и мир.




5 trading opzioni binarie
binaire opties oefenen Аудио
anyoption life Аудио
trading system of dhaka stock exchange http://www.omod.no/?demobilizaciya=bester-signalgeber-bin%C3%A4re-optionen&f6f=d9 bester signalgeber binäre optionen كتابة سيرة ذاتية بالانجليزي google opzioni trading binaire opties indicatoren http://www.goydc.com/?dunga=trading-opzioni-binario&eca=c3 trading opzioni binario an essay on cointegration and error correction models binära optioner mobil trading on line corsi gratuiti binäre optionen software