Нема православен верник кој не го знае името на љубвеобилниот Саровски подвижник. Тој со својата љубов, која забораваше на себе, целиот се предаде на служба за своите заблудени браќа, трудејќи се неуморно да ги оживее, стопли, исцели и спаси студените и помрачени души. Неговото срце, отворено за сите што му притекнуваа во своите неволји, беше како раширена прегратка, благите и нежни зборови - како мелем што смирува и приближува кон Бога, а молитвата - неуморно застапништво за овој грешен свет. Несомнено, како таков вулкан на љубовта, тој беше вистински пример за Бигорската обител, која предводена од својот игумен, о. Партениј, го презеде на себе подвигот на љубовта и гостољубието, предавајќи се целосно на служба за ближниот. Затоа, водени од Божјата промисла, браќата го посакаа ова мило старче и за свој молитвен застапник пред Бога и целата своја огромна љубов кон Св. Серафим Саровски ја преточија во една прекрасна замисла за новиот скит, во кој веќе се осветени темелите за идниот храм посветен на големиот Саровски чудотворец. Имено, Бигорската обител го избра токму денот на Св. Партениј Лампсакиски - кој го љубел благолепието и многу внимание посветил за подигањето храмови, да биде почеток на работите околу градењето на новиот храм. Така на 20. 02. 2008 год., по завршувањето на Божествената Литургија, многубројните верници, братството и сестринството, предводени од митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј и митрополитот Повардарски, г. Агатангел, со свечена литија се упатија кон местото, каде беа осветени темелите за новиот храм во руски стил, а предвидена е изградба и на мал конак со монашки келии.

И Саровскиот старец го благослови ова богоугодно дело со навистина редок и неискажливо вреден дар - неговите свети мошти. Тие на Бигорското братство му беа подарени од архимандрит Јован од рускиот манастир на Христовото Воскресение на Руската Задгранична Црква, а голема заслуга за тоа има сестра Драгица Велјановска, голем верник и долгогодишен пријател на манастирот, духовно чедо на архимандрит Партениј. По нејзиното заминување во САД и повеќегодишното служење во скитот посветен на светото Христово воскресение, таа на о. Јован му ги пренела своите впечатоци од Бигорската света обител, раскажувајќи му за сѐ она што го прави братството, за нивниот труд, пожртвуваност и љубов, а особено за скитот и идниот храм во чест на Св. Серафим Саровски. Затоа, просветлен од Бога, о. Јован благоизволи да подари дел од моштите на овој голем руски светител, кои таа самата ги донесе во Бигорскиот манастир.

Архимандрит Партениј ги прими моштите пред главната манастирска порта и заедно со братството, сестринството и присутните верници, во свечена литија се упатија до скитот, каде е предвидено да се гради храмот посветен на Св. Серафим Саровски. Со голема побожност, благодарност и со молитви упатени кон Светителот за неговото застапништво пред Бога, беше прочитан акатист и сите присутни се удостоија да се поклонат пред неговите свети мошти. Потоа, повторно со литија, моштите беа вратени во манастирот и беа положени на Чесниот престол во црквата. 

Светиите се секогаш со оние кои го бараат нивното молитвено застапништво, посебно преку нивните свети мошти. Св. Серафим, уште додека бил жив, го потврдил ова со своите зборови:

"Кога јас нема да бидам меѓу вас, доаѓајте кај мене на гробот, доаѓајте кога ќе имате време, и колку почесто - толку подобро. Сé што ви е на душата, сé заради што ви е тешко, било што да ви се случи, дојдете на мојот гроб и наведнувајќи се кон земјата, кажете ми како на жив, и јас ќе ве слушнам и вашата тага ќе помине! Зборувајте со мене како со жив, и јас за вас секогаш ќе бидам жив! Таков завет им остави на православните, прекрасниот саровски подвижник, подготвувајќи се за своето преселување од земјата во небесното живеалиште."



tips om binära optioner
broker opzioni binarie conto demo senza deposito Аудио
binäre optionen automatisch Аудио
kan man köpa Viagra receptfritt på apoteket option trading الوورد 2013 binära optioner bra giocare con operazioni binarie range binäre optionen http://revedecabane.com/?ower=la-migliore-piattaforma-per-opzioni-binarie&90f=a5 la migliore piattaforma per opzioni binarie guadagnare trading on line opzioni binarie come secondo lavoro http://tukani.cz/?pimono=software-de-se%C3%B1ales-para-opciones-binarias&6d6=30 software de señales para opciones binarias