Акатист на Свети Јован Шангајски

jovan.shangajski.jpg


Кондак  1                      
Избран чудотворче и на Христа угодниче, на целиот свет му изливаш непресушен поток на духовна инспирација и многу чудеса, те фалиме со љубов и ти повикуваме:                                  
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Икос 1  
Како ангел се јави во последните времиња, по милоста Божја, заради Неговото човекољубие. Гледајќи на убавината на твоите добродетелите, ти воскликнуваме:
Радувај се, ти кој уште во раното детство се украси со благочестие;
Радувај се, кој со страв и трепет ја исполнуваше вољата Божја;
Радувај се, ти кој ја објавуваше Божјата благодат, тајно, преку добри дела;
Радувај се, кој ги слушаш молитвите на оние во невоља;
Радувај се, полн со љубов, помагател на ближните свои кон спасение;
Радувај се, радост на сите кои со вера ти се поклонуваат;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 2
Гледајќи ги добродетелите кои изобилно се изливаат, светителе славни Јоване, се просветуваме со духот, и како живоносен извор на Божјите чуда не напојуваш нас, верните кои повикуваме кон Бога: Алилуја!
Икос 2
Имајќи ум полн со љубов и Богословие, богомудри Јоване, стана мудар со познанието Божјо, и украсен со љубов кон страдалните, научине нам да го познаеме со љубов вистинскиот Бог та и ние во умиление да ти повикуваме:
Радувај се, непоколебливо тврдино на вистинското Православие;
Радувај се, скапоцен саду на Светиот Дух;
Радувај се, праведен одлачителу на нечестивоста и лажното учење;
Радувај се, ревносен исполнителу на Божјите заповеди;
Радувај се, подвижниче кој не си дозволи на себе да се одмори на кревет;
Радувај се, возљубен пастиру на стадото Христово;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 3
Со силата на благодатта Божја, како татко на сиромашните и наставник на младите си се јавил, поучувајќи ги во страв Божји и подготвувајќи ги да му служат на Бога. Затоа сите твои чеда угледувајќи се на тебе во благодарност повикуваат кон Бога: Алилуја!
Икос 3
Навистина треба од небесата да бидеш фален а не од земјата, оче Јоване, бидејќи нашите зборови се недоволни во однос на делата твои. Сепак вознесувајќи му на Бога од она што имаме, ти извикуваме вака:
Радувај се, ти кој ги заштитуваше чедата свои со умносрдечна(непрестана) молитва;
Радувај се, ти кој секогаш го заштитуваше стадото свое со Крсниот знак;
Радувај се, на љубовта голема вместилиште што не знае за граници меѓу различните народи;
Радувај се, сесвети светилниче од сите возљубен;
Рaдувај се, пример за непрестана молитва и милосрдие;
Радувај се,  подателу на духовна утеха на оние што имаат потреба;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 4
Оптоварени со бура на опасности, како достојно ќе те фалиме, блажени Јоване. Си патувал до краиштата на Земјата заради спасение на твоето стадо и благовествување на Евангелието на оние во темнина. Благодарејќи му на Бога за ангелскиот труд твој извикуваме кон Него: Алилуја!
Икос 4
Оние ближните и далечните слушнаа за величието на твоите чудеса, по милоста Божја се јавија и во наше време.  Затоа ние, во Бога прославениот, во благоволение ти повикуваме:
Радувај се, просветителе на оние во темнината на неверието;
Радувај се, ти кој ги водеше луѓето од далечниот Исток до Запад;
Радувај се, извору на чудеса излиени од Бога;
Радувај се, со љубов вразумувајќи ги заблудените;
Радувај се, брз утешителу на покајаните за нивните гревови;
Радувај се, патеводителу на тие што одат по правиот пат;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 5
Си се покажал како благ дар на светлината што ги запира свирепите бури, спасувајќи ги жителите на островот Тубабао од смртоносните ветрови  по твоите молитви и Крсниот знак. Научи не и нас што ти повикуваме на помош, чудотворче свето,  со смелост(решително) да повикуваме кон Бога: Алилуја!
Икос 5
Сите кои се надеваа на тебе во очајни околности и несреќи најдоа избавување, о смел посредниче пред претстолот Божји. Затоа  се надеваме во твоето посредништво пред Бога и воскликнуваме:
Радувај се, на опасните стихии прогонителу;
Радувај се, то кој со молитвата не избавуваш од невољи;
Радувај се,неисцрпен дарителу на леб на гладните;
Радувај се, изобилителу на добра на сиромасите;
Радувај се, утешителу на оние кои тагуваат;
Радувај се, брзо станување на паднатите;
 Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 6
Проповедајќи спасение, иако спор во зборот, се покажа како нов Мојсеј, водејќи го својот народ надвор од ропството на безбожието, преблажен Јоване. Избави не од ропството на гревот и невидливиот непријател та и ние во радост да му воскликнуваме на Бога: Алилуја!
Икос 6
Сјаејќи во праведноста своја, го направи невозможното, ја убеди власта од овој свет да се смилува на твоето стадо, о добар пастиру. Затоа и ние со нив воскликнуваме кон тебе во благодарност:
Радувај се, добар пастиру што приготви за твоето заскитано стадо мирно пристаниште;
Радувај се, ти што покажа најголема грижа за децата и болните;
Радувај се, помошнику на сите кои ти повикуваат со вера;
Радувај се, во изобилие се покажа во твоето слабо тело силата Божја;
Радувај се, ти кој ги разурнуваш нападите на нечестивите;
Радувај се, истребувачу на лагите и предвестувачу на вистината;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 7
Сакајќи достојно да ги прославиш древните светии на Запад,во земјите кои одпаднаа од Вистината, ти воспостави нивно почитување во Православната Црква, о љубителу на светиите од Исток и Запад. Со нив денес моли се за нас на Небесата кои пееме од Земјата: Алилуја!
Икос 7
Те гледаме како новоизбраник Божји, кој во последните времиња заедно  со светителите на древната Галија  се покажа како еден од нив, поттикнувајќи го стадото твое да ја сочува истата православната вера што тие ја исповедаа,  восхитувајќи ги народите на Запад со својот свет живот. Сочувај не и нас да пребиваме во истата вера и да ти воскликнуваме:
Радувај се, нов Мартине во своите чуда и аскетскиот подвиг;
Радувај се, нов Германе во исповедањето на Православната вера;
Радувај се, нов Иларије во божественото богословие;
Радувај се, нов Грегорије во почитувањето и прославувањето на Божјите угодници;
Радувај се, нов Фавсте со монашкото усрдие;
Радувај се, нов Кесарие во цврстата љубов кон правилата на Божјата црква;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 8
Необично чудо се претстави ти: во Новиот Свет co поранешното стадо се најде во многу тешкотии. Таму беше повикан да претрпиш прогонство и со своето трпение, праведност и поучувања да го водиш стадото, и ја подигна црквата на Мајката Божја, Радост на Сите што страдаат. Восхитувајќи се сега на твоето трпение и смирение, благодарно му восклукнуваме на Бога: Алилуја!
Икос 8
Целиот давајќи се себе си на Христа, работнику на Христовото лозје, не знаеше за одмор дури до крајот на твојот многустрадален живот, помогни ни нас недостојните во делата да се трудиме да сме верни на Христа и да пееме во слава кон тебе:
Радувај се, ти кој претрпе до крај и доби спасение;
Радувај се, се удостои да се упокоиш пред иконата на Божјата Мајка;
Радувај се, среде неправедните гонења верата мажествено ја сочува;
Радувај се, кој му служешена своето стадо до крајот и се упокои, седејќи, како епископ;
Радувај се, и по смртта стадото го утешуваше со чудесното твое враќање;
Радувај се, на многучуда подателу на оние кои со вера и љубов пристапуваат кон твоите мошти;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 9
Целата ангелска природа се зарадува на твојата душа што се вознесуваше кон Небесната обител, а ние восхитувајќи се на твоите чуда на земјата кои се јавија преку делувањето на Светиот Дух, му пееме на Бога: Алилуја!
 Икос 9
Говорниците не можат со своите красноречиви зборови да го изложат подостојно твојот свет живот, о праведен оче Јоване, бидејќи дом на благодатта на неискажливиот Бог стана, ние неможејќи да останеме неми на чудата јавени во наше време на маловерие те прославуваме:
Радувај се,  Божествена палато од каде заповедите на Добриот Цар се даваат;
Радувај се, со своите скромни дела ангелите ги направи твои сослужители;
Радувај се, ти што изгради вечно живеалиште, неракотворно, на Небесата;
Радувај се, лекувалиште што секоја болест Божествено ја лечиш;
Радувај се, тајна ризницо на молитвениот подвиг;
Радувај се, осветен храму на Светиот Дух;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 10
Сакајќи да се спаси светот, Спасителот на сите нас ни го испрати новиот светител и преку него не повика од мрачната бездна на гревот. Слушајќи како на покајание не повикуваш, ние недостојните, на Бога му пееме: Алилуја!
Икос 10
Тврдина си заштитувајќи не од несреќи, оче Јоване, зашто преку твоето небесно застапништво се избавуваме од демонските страсти и несреќи што не напаѓаат нас на земјата. Пред твојата силна молитвена поткрепа со вера извикуваме:
Радувај се, на слепите прогледување;
Радувај се, со силата на молитвата им даваш живот на оние во смртна постела;
Радувај се, со премудроста Божја ги просветлуваш оние во неспокојство и сомнеж;
Радувај се,  спасоносно росо на оние што горат во огнот на жалоста;
Радувај се, возљувен татко на сираците и напуштените;
Радувај се, свет учителе на барателите на Вистината;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 11
Во(Со) мисла, збор и дело твојот живот беше химна кон Пресветата Троица, преблажен Јоване. Со многу мудрости ги објасни заповедите на вистинската Вера учејќи не нам со вера, надеж и љубов да му пееме на единиот Бог во Троица: Алилуја!
Икос 11
Те гледаме како светлоносен светилник на Православието на оние кои се во темнина на незнаењето, добар пастиру на Христовото стадо. Така, и после твоето упокојување, си им откривал за Вистината на оние кои не ја познаваат, просветлувајќи ги душите на верните кои ти повикуваат вака:
Радувај се, ти кој со Божествена мудрост ги просветлуваш слабите во неверие;
Радувај се, божилак на тивка радост на кротките;
Радувај се, громе на оние непопустливите во гревот;
Радувај се, молњо што ги гориш ересите;
Радувај се, пороен дожду на Православните догмати;
Радувај се, росо на Богомислието;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 12
Со побожност и благодарност ја примаме благодатта што ти беше дадена од Бога, сефален оче Јоване. Прославувајќи ги чудата на свет ерарх кој некогаш одеше меѓу нас, му пееме на Бога: Алилуја!
Икос 12
Пеејќи пофалба на Бога , небесниот хор на светиите се радува зашто Господ не го заборавил паднатиот и безверен свет, и ја покажа Својата семоќна сила на тебе, кроткиот и смирен слуга.                  
Блажени Јоване, ние со сите светии те поздравуваме и те почитуваме:
Радувај се, нова sвездо на праведноста што засветли на небесата;
Радувај се, нов пророку  кој беше пратен пред конечното царување на злото;
Радувај се, како Јона за наплатата на гревот ги предупредуваш сите;
Радувај се, како Крстител ги повикуваш сите на молитва и покајание;
Радувај се, како Павле претрпе многу заради Евангелието и проповедањето на Верата;
Радувај се, нов апостоле со своите чуда внесуваш во нас вера и страв Божји;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!

Кондак 13
О пресветол и прекрасен угодниче Божји, светителе оче Јоване, утехо на натажените, прими го ова наше молитвено принесување, та по твоите молитви кон Бога да бидеме избавени од огненската Геена и по Богопријатното твое застапништво да му пееме на Бога во веки: Алилуја!
Овој кондак се кажува трипати ,
потоа повторно  Икос 1 и Кондак1 се повторуваат.

Икос 1
Како ангел во тело се јави во последните времиња, по милоста Божја, заради Неговото човекољубие. Гледајќи на убавината на твоите добродетели, ти воскликнуваме:
Радувај се, ти кој уште во раното детство се украси со благочестие;
Радувај се, кој со страв и трепет ја исполнуваше вољата Божја;
Радувај се, ти кој ја објавуваше Божјата благодат, тајно, преку добри дела;
Радувај се, кој ги слушаш молитвите на оние во невоља;
Радувај се, полн со љубов, помагател на ближните свои кон спасение;
Радувај се, радост на сите кои со вера ти се поклонуваат;
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!
Кондак  1
Избран чудотворецу и на Христа угоднику, на целиот свет му изливаш непресушен поток на духовна инспирација и многу чудеса, те фалиме со љубов и ти повикуваме:                                  
Радувај се, светителе оче Јоване, во бедите брз помошниче!


Молитва прва
О, чудесен светителе Јоване, толку си го распространил срцето свое за да го сместиш мноштвото почитувачи од различни народи и племиња. Погледни на сиромаштвото на нашите зборови, кои сепак со љубов ти ги принесуваме, и помогни ни, светителе Божји, да се очистиме од сите нечистотии на телото и духот, трудејќи се за Господа со страв и радувајќи се во Него со трепет. Со што да ти возвратиме за радоста што ја почуствувавме гледајќи во светиот храм на твоите Свети Мошти и славејќи го твојот спомен? Навистина немаме со што да ти возвратиме, освен ако ги промениме нашите животи, постанувајќи нови луѓе наместо старите. Биди застапник на оваа благодат на обновување, светителе Јоване; помогни ни во нашите слабости; излечи ги нашите болести; излечи ги нашите страсти по твоите молитви.
Ти кој се пресели од овој привремен живот во оној вечниот, во кој те упати Пречистата Владичица, Одигитрија на Руската диаспора, со својата чудотворна икона Коренокурска, која ти беше сопатница на твоето претставление, на која сега се радуваш со хорот на светиите, кои го слават Единиот во троица Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

Молитва втора 
Светителе оче наш Јоване, добар пастиру и тајновидец на човечките срца и ум! Сега се молиш пред Божјиот Претстол како што сам посмртно си рекол: “Макар што умрев-сепак жив сум”. Помоли го всемилостивиот Бог да ни дарува прошка на нашите гревови, и будни во нашите сетила да повикуваме кон Бога да ни дарува дух на смирение, страв Божји и побожност во секое време од нашиот живот. Зашто беше милостив наставник на сираците и искусен воспитувач на Земјата, сега биди ни патеводител во Христијанско разбирање на Црковните несогласувања; услиши ги воздишките на збунетите млади од нашето изопачено време, изложено на бурата на злобното беснило, и милостиво погледни на потиштеноста на нашите пастири кои изнемоштуваат од нападите на нечестивиот дух на овој свет и кои се потиштуваат во мрзелива рамнодушност. Побрзај во молитвата, плачејќи ти повикуваме, о топол застапниче; посети не нас сиромашните, расејани по лицето на целата Вселена и во нашата татковина, во темнината на страстите заскитани, но и покрај нашата мала љубов сме навлечени кон Христовата светлина и ја очекуваме татковската грижа; и така навикнати на побожност наследници на Царството Божјо да се јавиме, каде што пребиваш со сите светии, славејќи го нашиот Господ Исус Христос на кого е моќта и честа, сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин!


är det lagligt att köpa Sildenafil Citrate
binär optionen risiko Аудио
software per controllo forex binario Аудио
binäre optionen trader binario trading خلق غطاء الرسالة fare trading online e legale http://www.hopeforthewearymom.com/?strazu=frex-demo&943=94 frex demo Hur Köpa Cialis kan man köpa Viagra i grekland forex trading free books bin� ƒÆ’� ‚Æ’� ƒâ€ � ‚’� ƒÆ’� ‚‚� ƒâ€š� ‚¤ra optioner beskattning binaere optionen