Божјата грижа

Длабоко во Јудејската пустина, во Палестина, се наоѓа манастирот на Ава Теодосиј, што тој го изгради во V век. Како минуваа годините, манастирот стануваше сѐ поголем, со многу отци кои се грижеa за старечкиот дом, работилниците, домот за сираци и за домот за сиромашни, што постоеја во рамките на манастирот.

Но, на почетокот кога беше основан, манастирот беше многу сиромашен. Отците често се соочуваа со проблеми, а не ретко го немаа ни она најнеопходното за свој опстанок. Меѓутоа, нивната вера во Бога и молитвите на нивниот старец, св. Теодосиј, секогаш им помагаа и ги избавуваа од тешките мигови.

Една Велика Сабота монасите се соочија со тажна состојба. Во манастирот немаше никакви намирници, дури ни просфори за божествената Литургија. Бараа и бараа, но ништо не најдоа. Времето минуваше и ближеше великиот миг на Воскресението. Таа светла празнична вечер решија да не јадат, зашто така им налагаше ситуацијата. Но никако не можеа да се помират со тоа дека ќе останат без света Причест. Залудно одново бараа некое заборавено шише со вино или некое парче леб. Беше невозможно да се пронајде било што.

Кога сфатија дека ги снајде потполна немаштија, отидоа кај својот старец, светиот Теодосиј, и му кажаа за тешката ситуација и својата тага. Старецот мирно ги сослуша. Нивните зборови воопшто не го вознемирија.

-„Така стојат работите, старче“, рече на крај некој од отците. Блажениот Теодосиј, кој дотогаш молчеше, одговори:

-„Одете, деца мои, и погрижете се сè да биде подготвено за вечерашнава Света Литургија. И вие подгответе се, па да ја дочекаме вечерта“.

-„Попусто не теши“, прошепоти еден монах.

Старецот го слушна и рече:

-„Деца мои, да не ослабе случајно нашиот Бог во Својата сила? Можеби Оној Кој во пустината го хранеше народот Израилски, денес веќе не е во состојба да дава? Или, може, Оној Кој со пет леба и две риби го насити сето мноштво што Го следеше, не е способен веќе да прави чуда?“

Монасите ги восхитија зборовите на старецот, но повеќе од сè ги восхити неговата вера и убедување дека сè ќе биде како што треба. Тргнаа да излезат од неговата ќелија, кога го слушнаа како вели:

-„Подгответе го не само олтарот, туку и воскресната трпеза. И да знаете отци мои, дека Оној Кој се грижи за птиците небесни, ќе се погрижи и за нас“.

Отците заминаа молчејќи. Зборовите на старецот беа вистинска утеха за нивната тага и разочарување. Но некаде длабоко во себе чувствуваа дека тие зборови старецот им ги упати само за да ја ублажи нивната загриженост. Беа скоро сигурни дека не ќе можат да го прослават Велигден.

Сонцето беше веќе зајдено кога се слушна тропање на вратата. Отците се збунија. Кој ли би можел да биде во ова време и во овој ден... 

Ја отворија главната врата од манастирот и видоа непознат човек. Со себе тој водеше две натоварени камили. 

-„Отци, благословете“, рече непознатиот.

-„Бог да те благослови“, одговорија монасите.

bozjata_griza.jpg-„Простете ми што ве вознемирувам во ова време, но се случува нешто што не можам да си го објаснам“, рече непознатиот и продолжи: „Се заветив секоја година на овој ден да носам намирници во еден скит, тука подолу. И веќе се навикнав да сум таму на Воскресната Литургија, а следниот ден да се вратам назад. Така појдов и оваа година. Но, кога стигнав овде пред вашиот манастир, овие две мои камили – чудно - престанаа да одат, седнаа долу, па ми беше невозможно да ги подигнам и да ги натерам да продолжат. Никако не слушаа. Тогаш, значи, си помислив, дека можеби, на крајот на краиштата, Божја волја е овие работи да останат тука. Затоа ви тропнав, воден од помислата вам да ви ги оставам овие намирници, и моите камили веднаш станаа и тргнаа кон влезот од манастирот.

Беше тоа навистина Божја волја. Неговата промисла се погрижи за потребите на манастирот. Храната што им ја донесе непознатиот човек, беше доволна не само за празничната воскресна трпеза, туку траеше сè до Педесетница, па и подолго. А не недостасуваше ни просфора за божествената Литургија во сите тие денови.

Монасите беа восхитени од старчевата вера во Бога. Од тој ден, св. Теодосиј го почитуваа уште повеќе, додека, пак, во нивниот живот надежта во Бога зазеде посебно место.


http://blog.pinkprincess.com/?svecha=sistema-alert-opzioni-binarie&081=33 sistema alert opzioni binarie
mercado financeiro opções binarias Аудио
como abrir una cuenta demo de opciones binarias Аудио
كيف تربح مال من الكتابة Köp Strattera på nätet Goteborg (Göteborg) (Landvetter) opzioni binarie broker sicuri binaerhandel كيف تربح الكثير من المال simulazione trading on line programmi di trading trading demo binario programmi demo gratuiti per fare trading http://mployee.nl/vacancies/mployeeRec__ForgotPassword binaire opties blog