Чевларот од Александрија

Антониј Велики беше еден од првите монаси што светот го оставија и во пустина заминаа. Тој со право се смета за татко на животот монашки. Во Црквата наша тој често како учител на пустиниците се спомнува. Со време крај неговата ќелија се беа собрале многу монаси што во ликот негов спокој најдоа. 

Против Антониј Велики ѓаволот војуваше како против ретко кој светија. Со разни лукавства се трудеше да го фати во замка. Но Божјиот човек на секој начин гледаше да се спротивстави на  ѓаволските стрели.

Еднаш ѓаволот проба да го убеди Антониј дека божем неговата добродетел достигнала многу голема височина. И дека во пустината, а ни во целото царство, нема никој толку добродетелен и напреден.

„Гледај Антониј“, му потшепнуваше ѓаволот, „кој освен тебе достигнал таква висина: Никој. Кој пости, кој се моли, кој љуби така како тебе? Никој“.

Еден миг се чинеше дека Антониј Велики го слуша неговото расудување, но наскоро ја сфати лукавата замка. Бог, Кој не сакаше Антониј Велики да погреши, најде начин и овој голем подвижник да се подучи.

Таа вечер, Божјиот човек, кога својата топла молитва ја заврши и ја смали светлината на маслената ламба, полека ги затвори очите. Слушна тогаш глас Божји, кој јасно му стави до знаење: 

cevlarot.png„На патчето за Александрија има еден чевлар, поголем од тебе, Антониј“.

Антониј Велики срипа од сонот.

„Чевлар? Па, зарем е можно? Чевлар да е поголем во подвижништвото и добродетелта од Антониј Велики?“ Реши уште утре да појде за Александрија.

Кога осамна нов ден Господов, Антониј Велики си го зеде стапот и се упати на местото што Бог му го укажа.

„Еден чевлар во Александрија да е поголем од пустинските подвижници“, си повторуваше по пат Антониј Велики.

На самиот крај на споредниот пат за Александрија имаше работилница. Стар чевлар со обичен изглед, едноставен и не многу зборлест, држеше во рацете чевел и внимателно го крпеше.

„Благослови“, му рече чевларот на скромниот монах.

„Бог да те благослови“, исто така едноставно одговори Антониј Велики.

А чевларот се наведна над чевелот што го крпеше, тивко мрморејќи некој псалм.

„Кажи ми, дете мое. Како ги минуваш дните?“

„Не помнам, Аво, некому да сум му направил нешто добро. Ниту знам за некаква моја благост кон некого“.

„Па како ти врви животот“, љубопитно го прекина Авата.

„Еве како. Секое утро кога ќе станам, си велам во себеси дека сите луѓе од Александрија и оние населените по далечните краишта, па и сите оние што не ги знам ќе се спасат, а само јас поради мноштвото мои гревови ќе пропаднам. И со таа мисла ми врви денот, а навечер повторно за истото размислувам“.

Антониј Велики стана, го прегрна сиромавиот чевлар и грижливо го целива.

„Ти, дете мое, со малку труд скапоцено богатство си купи! Јас во пустината низ подвиг и пост остарев, но смирението твое не го достигнав“.

Извлекувајќи голема полза, Големиот подвижник се упати назад во пустината.


http://blog.pinkprincess.com/?svecha=sistema-alert-opzioni-binarie&081=33 sistema alert opzioni binarie
mercado financeiro opções binarias Аудио
como abrir una cuenta demo de opciones binarias Аудио
كيف تربح مال من الكتابة Köp Strattera på nätet Goteborg (Göteborg) (Landvetter) opzioni binarie broker sicuri binaerhandel كيف تربح الكثير من المال simulazione trading on line programmi di trading trading demo binario programmi demo gratuiti per fare trading http://mployee.nl/vacancies/mployeeRec__ForgotPassword binaire opties blog