Најубавата молитва

Едно неделно утро некое мало овчарче си го чуваше своето стадо, кога се слушна биење на црковните камбани. Гледајќи ги луѓето како поминуваат покрај пасиштето, каде беше тој со своите овци, момчето си помисли:

„Толку би сакал да поразговарам со Бога! Но што би Му кажал, кога не знам ни една молитва?“

ovcarce.pngСепак, момчето клекна на колена и почна да си ги кажува по ред сите букви од азбуката! И така си ја повторуваше тој оваа „своја“ молитва додека луѓето непрестајно поминуваа покрај него, гледајќи го зачудено.

Најпосле еден од минувачите го прекина момчето: 

„Ама што правиш, дете?“, го праша тој. 

„Се молам господине!“, одговори момчето.

Човекот се запрепасти: „Но зошто, тогаш, ги кажуваш буквите од азбуката?“ 

Момчето му објасни со насмевка: „Јас, господине, не ви знам ни една молитва, ама сакам Бог да се грижи за мене, да ме чува и да ми помогне да си ги чувам овците! Па си помислив, ќе си кажам сé што знам, а Бог ќе ги спои сите тие букви во зборови, зашто Он знае сé што би требало да кажам“. 

Човекот се насмевна и си го продолжи патот кон црквата, знаејќи дека тој ден ја слушна најубавата молитва!


http://blog.pinkprincess.com/?svecha=sistema-alert-opzioni-binarie&081=33 sistema alert opzioni binarie
mercado financeiro opções binarias Аудио
como abrir una cuenta demo de opciones binarias Аудио
كيف تربح مال من الكتابة Köp Strattera på nätet Goteborg (Göteborg) (Landvetter) opzioni binarie broker sicuri binaerhandel كيف تربح الكثير من المال simulazione trading on line programmi di trading trading demo binario programmi demo gratuiti per fare trading http://mployee.nl/vacancies/mployeeRec__ForgotPassword binaire opties blog