Како во секој манастир, изграден по подобие на градот Божји - Небесниот Ерусалим, така и овде, во Бигорскиот, средишното место го зазема соборниот храм, т.н. католикон. Тој бил изграден кон крајот на XVIII век, по углед на светогорските манастири, но сепак во посебен, автохтон архитектонски стил, што се среќава само во мијачката архитектура во време на Преродбата. Бигорскиот католикон претставува еден од првите храмови со големи димензии, во периодот после освојувањето на Турците-Османлии. Грандиозноста на храмот се должи на фактот, дека неговата изградба е одобрена со посебен ферман - дозвола од султанот. Дело е на мајстори-градители, копаничари и зографи од дебарскиот крај. Граден е во две етапи, при што прво е изграден источниот дел со олтарот, а нартексот е додаден нешто подоцна.


1.jpg
2.jpg

Византискиот стил на архитектурата на Бигорскиот храм побудува смирение,  како однадвор, така и внатре. На влезот од храмот се наоѓа нартексот, исполнет со необична тишина и полумрак. Затоа тука, во пригушената светлина на внатрешниот нартекс, луѓето кои дошле да се поклонат пред чудотворната икона, ги обзема чувство како да се оддалечуваат од световните грижи. Оваа светлина се зголемува во централниот дел на храмот, каде, за време на Божествената Литургија, обилно се излева во олтарот, постепено издигнувајќи го верникот од земното кон небесното. Овој впечаток за присуството на небесното го зголемува и фрескописот во црквата, раскажувајќи за животот и чесните страдања на Спасителот. Најпрво била фрескописана куполата, која  е дело на непознат зограф. Во  центарот на куполата е претставен Христос како Пантократор (Седржител), Кој постои без почеток и крај, полн со величие, милост и праведност. Со едната рака Тој  благословува, испраќајки  му ја на светот својата божествена благодат, а со другата го држи Светото Евангелие, благовестејќи му ја вистината на светот.

DSC_0069.jpg
065.jpg
7.jpg

8.jpg

          Во помалата купола, која била фрескописана околу 1866 год., е претставен ликот на Претечата, опкружен со сцени од Пронаоѓањето на неговата чесна глава.

          Со возобнувањето на манастирскиот живот, пополнета е една празнина во фрескописот, која постоеше од самите почетоци на црквата. По долги години, во олтарниот дел, најпосле, беше фрескописана Мајката Божја - Поширока од небесата, која ги поврзува небото и земјата, опкружена со фреските на архиереите.

5.jpg
6.jpg

Најубавиот украс во црквата и она по што е најпознат овој храм, е секако прекрасниот и единствен од ваков вид во Православието - иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес. Тоа се прочуените Петре Филиповски - Гарката  од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник. Тие ова монументално дело го завршиле за зачудувачки кратко време, од 1830 до 1835-та год. Во истиот тој период биле повикани и познатите зографи од Самарина,  Михаил и неговиот син Димитар.Тие ги завршиле иконите на иконостасот, така што заедно со иконите, тој формира една целина, еден целосен приказ на Светото Писмо во резба.
Игуменот Арсениј започнал со внатрешно уредување и  декорација на црквата уште во 1810 год.  До крајот на својот живот, игумен Арсениј ќе стане најзаслужен за ангажирањето на иконописци и зографи, а особено за порачките и ангажирањето на на најдобрите мијачки резбари, кои ги изработиле иконостасот, владичкиот и игуменскиот стол, наменети за црквата. Во, тогаш, новопроширената црква, како прва резбарска работа е балдахинот, изработен во Елбасан, Албанија, кадешто мијачките копаничари имале своја резбарска работилница, а манастирот свои имоти. Во тоа време комуникацијата меѓу манастирот и Елбасан била мошне жива.

Балдахинот е уникатно резбарско дело, какво не може да се најде во ниедна друга црква. Тој, едноставно, лебди во воздух над Чесната Трпеза, прифатен со 4 синџири. На секоја од четирите страни на балдахинот се вкомпонирани повеке претстави од Светото Писмо. На челната страна од балдахинот се наоѓаат „Благовештение“  во централниот дел, „Гостољубие Авраамово“ лево и „Сретение Господово“ десно. На јужната страна највпечатлива е композицијата ÂРождество Христово". Северната страна е зафатена со композицијата „Отсекување на главата на Св. Јован“. Западната страна пак, за разлика од другите , нема таква декорација.

9.jpg
10.jpg




  Сепак најзначајно, монументално, резбарско дело на мијачките копаничари во црквата  е иконостасот. По својата архитектоника е сличен на двокатните иконостаси, што најпрво ги среќаваме на Атос (Света Гора), а потоа и по целиот Балкански Полуостров. Желбата  на Арсениј била - иконостасот на манстирот да биде еден од најубавите до тогаш. Затоа решил да ги ангажира најдобрите мијачки копаничари и најдобрите зографи за тоа време, што придонело иконостасот да ги надмине сите други со својата уникатност. Тоа го потврдува и Дамјан Арсов, некогашен жител на  Дебар, кој во 1895 год. изјавил дека како иконостасот во Бигорскиот манастир  немало ни на Света Гора, а ја обиколил сета. 
Она што го прави единствен и неповторлив иконостасот, е употребата на човечката фигура. Тука мијачките копаничари ја покажале сета своја вештина, сместувајќи, на релативно мал простор, значителен број на сцени од Стариот и Новиот Завет. Овие сцени се прикажани на таков начин, што ни се пренесува драматичноста на целата ситуација, како да е жива и реална, како да се одвива пред нашите очи. Покрај човечката фигура, во декорацијата на иконостасот присутни се  и разновидни животни, како и цветни мотиви. Сиот тој сплет е остварен во една пријатна хармонија, преку претходно изготвениот цртеж - план на мијачките резбари. Нивната стрпливост да длабат во дрвото и на толку мал простор да издлабат толку голем број на сцени од Светото Писмо, буди вистински восхит кај луѓето. Тоа што го создадоа резбарите, не можеме да го сретнеме ниту на Света Гора, ниту кај епирските резбари, а најмалку кај резбарите од Балканските резбарски школи.

Иконостасот е прилагоден на димензиите на црквата. Затоа овде се наоѓаат три реда икони, што е редок случај, бидејќи почесто се среќаваат иконостаси со само два реда икони. Тој наликува на Светогорските иконостаси од XIX век, со централно поставени царски двери и два странични влеза, на јужната и северната страна. Царските двери се двокрилни и богато исполнети со резби и иконопис со претстава на „Благовештение“. Покрај „Благовештението“, мајсторите резбари изработиле уште и една композиција од животот на Христа, потоа едно од неговите чуда - Исцеление на слепиот, како и „Истерувањето на трговците од храмот“.

12.jpg
11.jpg

Резбаните правоаголни табли под престолните икони се најубавиот дел на иконостасот во Бигорски. На овие табли е потврдена виртуозноста на мијачките копаничари, нивната недостижност во резбарството. Тука, на овие простори, каде се претставени повеќе од 500 човечки и  околу 200 животински фигури,  илустративно е претставен Стариот и Новиот Завет. Од Стариот  Завет се издвојуваат: „Жртвата Авраамова“, (превземена од Светогорските иконостаси), „Првиот грев“ и „Прогонувањето на Ева и Адам од рајот“, „Каиновото убиство“ и др. Новиот Завет започнува од втората табла, со животот на Богородица. Мијачките копаничари од тајфата на Петре Филиповски, работејќи на иконостасот, како да сакале да ја искажат сета своја благонаклоност и почит кон Божјата Мајка - Богородица, изработувајќи 14 сцени од нејзиниот живот. На втората табла централното место го  зазема Богородица со Христос. Лево од неа е „Благовештението", а на десната страна карактеристично е „Поклонението на тројцата источни цареви", кои носат дарови и се поклонуваат пред Богородица. Тука доста импресивно е прикажано и „Бегството на Богородица во Египет". Во изразот на лицата од оваа сцена, предаден е психолошкиот елемент во драмата што ги снашла витлеемските деца, заклани по наредба на царот Ирод.
На следните табли прикажан е животот и страдањата на нашиот Господ Исус Христос. Централно е претставена „Тајната вечера", лево е „Јудиното предавство" и „Молитвата во Гетсиманската градина", а на десната половина продолжуваат композициите: „Патот  на Голгота", „Неверни Тома", „ Христос пред Пилат" и др.
Под престолната икона на Св. Јован Крстител се претставени повеќе сцени од неговиот живот. Тука се прикажани „Рождеството на Св.Јован", „Свадбата на Ирод", „Танцот на Саломија" и др.,  меѓу кои најубаво  е претставено „Отсекувањето на главата на Претечата". 
На просторот под престолната икона „Собор на апостолите" резбарите, на свој начин, ја прикажале истата ова икона во резба. На оваа табла Христос е претставен меѓу апостолите со макета на црквата, што ја држат два ангела, со апстолите Св. Петар и Павле во преден план, како основачи на Црквата. Всушност, сите икони имаат свои паралелни претстави во резба, кои се наоѓаат веднаш под нив. 
Најгорниот дел од иконостасот е еден од најимпресивните и него го красат големиот крст од Распетието Христово и неговите придружни делови. Ваквиот крст е честа појава кај резбаните иконостаси во поствизантискиот период, особено во XVII, XVIII, и XIX век и претставува символ на верата, спасението и победата. Ламјите што се претставени во подножјето на крстот, го симболизираат злото победено од Христа.

Внатрешниот амбиент на манастирската црква е надополнет и со два стола:  владичкиот и игуменскиот. И двата стола се дело на истите мајстори - резбари, што го изработиле иконостасот. Владичкиот стол е поставен во средишниот дел на црквата, до десниот столб, свртен со лице кон олтарот. Уште од поранешните периоди на христијанството, постоела тенденција тој  да  биде што побогато украсен. Таква била и желбата на игуменот Арсениј, па затоа столот е богато украсен со фигури на два ѓакони, а најдолу, врз основата на столот, лежат два лава со отворени челусти. Тие се секогаш под нозете на Бога, Кој ќе го уништи непријателот. Над седиштето на столот, во неговата внатрешност, поставена е икона на која е насликан Исус Христос, како  седи на трон. Додека, пак, игуменскиот стол  има идентично резбарско украсување како владичкиот, но за разлика од него, над седиштето е поставена икона на Богородица  со Христос, а пред нив е претставен Св. Јован Претеча. Тука е насликан и самиот игумен Арсениј, во став приклонет кон нив, со свиток в раце. 

3.jpg

Во Бигорскиот храм постои едно трезвено спокојство, кое со стравопочит ја вообличува целата конструкција на храмот. Овде отсекогаш живеел посебен свет кој се моли, ѕида, живописува и пее, во заедница со Светиот Дух. Сe е слободно и измирено, збратимено и сродено. Етосот на духовниот израз, иконографскиот живот, архитектурата, сето тоа е складно, усогласено и обединето. Сe заедно и секој со својот глас, овде, хармонично ја пее Tрисветата песна.
13.jpg


Tastylia, Tadalafil Oral Strip
binaire opties weekend Аудио
http://gsc-research.de/gsc/hv_kalender/index.html?no_cache=1 anyoption bewertung Аудио
http://jonmcculloch.com/?svil=graffico-opzioni-binari&19e=cd graffico opzioni binari traderxp fake oder nicht opcje binarne darmowe konto demo indicadores de comercio exterior peru binäre optionen broker im vergleich dove fare operazioni binarie bdswiss 60 sekunden handel mit binären optionen lernen http://pro8.nu/?zxcvb=binaire-opties-beleggen&28f=97 binaire opties beleggen opzioni binarie puntata minima 7