Да се пишува за архијереј на МПЦ, кој, преку благословот на Црквата, примајќи ги чиновите што претходат за да биде избран од САС за чиноначалник и патеводител на паствата во од Бога даруваната му епархија е одговорна задача. Нашата желба, пак, достојно да го одбележиме 25-годишниот јубилеј од архипастирствувањето на Митрополит Тимотеј ни налага скромно и достоинствено да ги забележиме и истакнеме патеките што заедно со своето свештенство, со монаштвото и со ѓаконството во Христа ги помина во текот на  25-те години како архијереј на МПЦ. 
Периодот од 25 години архипастирска дејност во очите на многумина можеби и не е така долг. Макотрпното, пак, носење на крстот што доброволно го прими на студениот каменит под во Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ во септемврискиот десетти ден, во не така далечната, 1981 година и Божјата благодат што тогаш се слеа врз него преку десницата на тогашниот архиепископ Охридски и македонски Ангелариј и преку закрилата на високопреосвештениот митрополит Преспанско-пелагониски Петар, не обврзува да се задржиме за миг на личноста на Митрополит Тимотеј, нашиот духовен отец и достоинствен патеводител. Тој се „вгради како жив камен во духовниот дом, во своето свештенство за преку Христа да принесува духовни жртви кои Му се угодни на Бога“ (I Петр. 2;5). 
Митрополит Тимотеј е роден на 20. 10. 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од благородни и богољубиви родители Александар и Љуба Јовановски кои уште од детски години го задоиле својот пород (четири сина и две ќерки), меѓу кои и младиот Славе, со христијанска љубов и љубов кон Бога Отецот. Растејќи како мирно и скромно дете меѓу своите браќа и сестри, уште во деновите на основното образование во своето родно место, кај Славе растеше и големата љубов: прво кон Бога и Спасителот наш Господ Исус Христос, а потоа и кон своите ближни во Црквата Христова. Почитта кон Бога допринесе по завршувањето на основното училиште, под духовната грижа на протоереј-ставрофор Стојко Спасевски од Куманово и пастирските упатства на протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, младиот Славе да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, прво во ман. „Горни Св. Илија“во с. Бањане крај Скопје, а потоа во Драчево крај Скопје, што ја завршува со одличен успех. Желбата да се надградува како иден сејач на нивата Господова, кај него е посилна од сe и затоа, по завршувањето на Богословијата се запишува на Богословскиот факултет во Белград, што успешно го завршува во 1976 година.
По дипломирањето, една година е службеник во Македонската Архиепископија во Скопје. Потоа заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година). Успешно магистрира на тезата „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско“и се здобива со магистерска диплома. И понатаму желбата за духовни знаења и за надградување кај него е неугаслива па останува во Рим да ја подготви и докторската дисертација. Меѓутоа, на повик на САС на МПЦ, како послушно чедо на МПЦ, се враќа во татковината и се вработува како предавач на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ по предметите: литургика, историја на уметноста и патрологија, а од страна на САС на МПЦ е назначен и за в.д. ректор на Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево, Скопје. Сега веќе како духовно и интелектуално високообразувана личност, кој, докажан пред САС на МПЦ дека сиот свој живот сака да Му го посвети на Бога, за потребите на МПЦ, се става на целосно располагање на САС. На 10. 9. 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ -Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и македонски Ангелариј е замонашен со монашко име ТИМОТЕЈ; на 11. 9. 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир; на 13. 9.  1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица“ - Пречиста крај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на „Св. Наум Охридски“, ман. „Св. Наум Охридски“ во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20. 9. 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје. Од 21. 9. 1981 година, со одлука на САС на МПЦ е назначен да раководи со Австралиската македонска православна епархија. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско-кичевска епархија како нејзин Администратор со седиште во Охрид, (по изборот на тогашниот митрополит Дебарско-кичевски Ангелариј за Архиепископ), од каде со голем елан, самопрегор, трпеливост и тактичност ќе раководи со двете епархии: со Австралиската до 1995 година што тогаш доброволно ја отстапува на друга надлежност, а продолжува да раководи само со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски. 
Како што светите Климент и Наум Охридски ја организираа и востановија нашата света Црква пред многу векови, така и митрополит Тимотеј со Божја и со нивна помош раководи со Австралиската епархија, а не заостанува и со организирањето на духовниот живот во Дебарско-кичевската епархија. Тоа го потврди кога свечено се прославуваше 20-годишниот јубилеј од неговата хиротонија, со зборовите на св. ап. Павле:  „..Се потрудив... но не јас, туку Божјата благодат која е во мене“(I Кор. 15:10).
Неговите свети богослужби, неговите поучни и содржајни беседи го зацврстуваа црковниот и патриотскиот дух кај нашиот народ и му влеваа духовна надеж во воскреснатиот Спасител, нашиот Господ Исус Христос.
Уште од самиот почеток како архијереј на МПЦ, Митрополит Тимотеј активно и смело се залага за исправување на една голема неправда што и е направена на МПЦ од страна на структурите на поранешното општество (со одземањето на црквите и на манастирите како и на црковниот имот) не само во Дебарско-кичевската епархија туку и пошироко во Р. Македонија. Не остварил средба со било кој наш државник а да не го поткрене тоа прашање и смело да се бори тоа да се разреши. Благодарение на неговата упорност досега се вратени многу цркви и манастири во епархијата и надвор од неа, а е вратен и дел од црковниот имот на МПЦ. 

На полето, пак, на изградба и реконструкција на црквите, манастирите, руинираните конаци во нашата Епархија,  митрополит Тимотеј во овие 25 години се покажа како неуморен неимар и нанижа безброј големи успеси, не за негова слава, туку за прослава на Бога, на Мајката Божја и на сите Божји угодници. Архиерејската мудрост, архипастирската грижа и љубовта кон сешто е црковно, творечката моќ да создава, а она што било создадено да го возобнови и прилагоди на денешните услови за пристојно молење и живеење, на митрополит Тимотеј допринесоа да се изградат многу цркви и манастири, да се возобноват конаците во далеку познатите манастири: „Св. Богородица“- Пречиста, кај Кичево (каде митрополит Тимотеј ја отслужи својата прва архијерејска литургија); потоа конаците во ман. „Св. Наум Охридски“ и изградбата на камбанарија со капела посветена на „Св. Кирил и Методиј“; па, реконструирањето на конаците и подигнувањето од темел на гостинскиот конак во ман. „Св. Јован Крстител“- Бигорски со капела посветена на „Благовештение“; конакот во Кнежинскиот ман. „Св. Георгиј“кај Кичево; во ман. „Св. Богородица“ во с. Манастирец, Бродско и многу други. Како неуморен градител на црковни објекти, не можеме да не ја споменеме изградбата на административна зграда на Епархијата како и реконструкцијата на Митрополитската резиденција во Охрид. Како врвно достигнување на неговата заложба во неимарството посебно го нагласуваме реконструирањето и ревитализирањето на катедралната црква на охридските архиепископи, црквата „Св. Софија“ во Охрид, а како круна на неговата градителска дејност, со помош на тогашната власт на државата и Заводот за заштита на културно-историските споменици од Охрид, со неговиот директор г-дин Паско Кузман од Охрид, го истакнуваме возобновувањето на Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, посветен на „Св. Климент и на Св. Пантелејмон“, каде секојдневно тече река од верници и посетители кои се насладуваат од велелепниот изглед на самата црква и духовно се хранат од секојдневните богослужби во него.

Во Дебарско-кичевската епархија митрополит Тимотеј, во изминатите 25 години како надлежен архијереј, има извршено околу 150 осветувања на цркви, параклиси, манастирски конаци, епархиски центри и други градби што го потврдуваат како неуморен неимар, сведочејќи денес за неговиот голем градителски опус.

Една од последните градби во 2005-2006 година е и Митрополитската резиденција на Повардарската епархија во Велешко која доминира со својата убавина, раскошност и комодитет.

Митрополит Тимотеј не само што е докажан како возобновител и градител на црквите, манастирите и манастирските конаци во нашата епархија, туку е успешен возобновител и на монаштвото, не само во епархијата, туку и надвор од неа кое е понагласено од 1991 година па наваму. Под негово духовно раководство, по враќањето на манастирите од државата, поточно од Заводот за заштита на културно-историски споменици, во владение на МПЦ, започнува нова страница во севкупниот духовен живот на нашата света Црква. Прво, истата година, кога манастирот „Св. Наум Охридски“ ни беше вратен, (1991 година), веднаш заживеа монаштвото во него со поставувањето на архимандрит Нектариј за игумен на истиот. Второ, го возобнови монаштвото во ман. „Св. Јован Крстител“ -Бигорски и сега тој манастир е познат духовен расадник, од каде со мудрото раководење на архимандритот Партениј, од многуте искушеници кои престојуваат во него и од благодатната Десница на митрополит Тимотеј се „раѓаат“ нови и прекалени монаси на радост и задоволство на нашата света Црква. Трето, со возобновувањето на ман. „Св. Георгиј“ во с. Рајчица, Дебар, метох на ман. „Св. Јован Крстител“ - Бигорски, во нашата Епархија се возобнови и збогати сестринството кадешто живеат и творат 10 монахињи. Манастирот, пак, „Св. Богородица“ во с. Манастирец, Бродско, е посебно за истакнување, бидејќи со поставувањето на монах Бенедикт за старешина, се возобновија руинираните конаци, се изградија нови и модерни конаци, се обнови манастирската трпезарија, се изгради патот до манастирот, се донесе струја и вода и се возобнови духовниот живот во тој, далеку од цивилизацијата, манастир. Овде ќе го нагласиме и благословот на митрополит Тимотеј за зголемување на сестринството во манастирот „Св. Богородица“ -Пречиста кај Кичево, чии конаци, еден по еден, под неуморните раце на игуменијата Салафаила - Матушка (сега покојна) како и на беспрекорниот труд на сегашната игуменија Агнија во текот на овој 25-годишен период, а под будното око на Митрополитот Тимотеј, каде што и започна неговата архиерејска дејност, се реконструираа а повеќе од нив се изградија нови од темел. Слободно можеме да кажеме дека тој манастир, покрај другите што ги спомнавме, е најголемиот духовен бисер на герданот успеси што го нанижа Митрополитот Тимотеј во изминатиот период.

Како неуморен работник на нивата Господова, митрополит Тимотеј го краси и љубовта кон пишаниот збор - книгата. Ја востанови митрополитската библиотека во епархијата со голем број наслови со духовна содржина. Оформи и своја лична библиотека во Митрополитската резиденција со неколку илјади наслови. Согледувајќи дека МПЦ е многу сиромашна со духовна литература, богослужбени книги и др. прирачници за помладите генерации теолози, како и за православните верници и духовни чеда, со голем ентузијазам ја основа издавачката установа „Канео“ при Дебарско-кичевската епархија. Во почетокот, со скромното издавање на весникот „Радосна вест“, (што за жал по неколку броеви згасна), а веднаш потоа и на алманахот „Светиклиментово слово“ кој веќе 17 години излегува секоја година. Заживеа духовната трпеза на Дебарско-кичевската епархија и преку издавачката установа „Канео“, преку која се отпечатени над 100 наслови со духовна и поучна содржина од разни духовници, старци и теолози. Задоволена е потребата и од неопходните богослужбени книги преведени на македонски литературен јазик или отпечатени двојазично (на црковно-словенски и  македонски јазик). Од сите изданија на „Канео“се хранат и духовно се надградуваат и обичните мирјани, жедни за духовни знаења, и теолозите, како и свештенството и монаштвото ширум Р. Македонија.

Во овие 25 години како архијереј на МПЦ митрополит Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија: беше секретар на САС на МПЦ, во два периоди и Администратор на Повардарската епархија, (1997 - 1999 год. и од 5. 7. 2002 до 1. 10. 2006 година), а сега е и портпарол на САС на МПЦ. По оставката на тогашниот Поглавар на МПЦ, Архиепископ Гаврил, како најстар архијереј од избраното трочлено раководно тело од САС на МПЦ Митрополит Тимотеј раководи со МПЦ. Во четвртвековниот период многупати бил член или водач на делегациите што САС на МПЦ ги испраќаше, или да преговараат, или да ги запознаат Поглаварите на сестринските православни Цркви со состојбата во која се наоѓа нашата света Црква. Така, многупати тој остварил средби со Цариградскиот патријарх Вартоломеј, Александрискиот патријарх Петар, Српскиот патријарх Павле, Грчкиот архиепископ Христодул, со Албанскиот архиепископ Анастасиј и со претставници на Руската,  Бугарската и Романската православна црква и многу други црковни великодостојници, трудејќи се аргументирано и документирано да им докаже дека нема друг пат освен заедничкото признавање и на МПЦ како автокефална и самостојна Црква и како рамноправен член на православното семејство во светот. 

Смирено и достоинствено ги предводеше делегациите на МПЦ за отслужување на Молебен на гробот на Св. Кирил Солунски во базиликата „Св. Климент папа Римски“ во Рим, скоро секоја година. Во својата придружба тој избираше соодветни свештенослужители од епархијата и надвор од неа за молитвено и боговдахновено да се отслужи молебенот.

Повеќепати Митрополит Тимотеј организирал меѓународни симпозиуми во својата Епархија каде се претставувал со свои трудови и на кои настапувале многу познати научници од разни области и од разни земји. Исто така, активно учествувал и на симпозиумите организирани од МАНУ и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“од Скопје. На тоа поле, нашиот архијереј скоро секоја година организира еднодневни и повеќедневни семинари за свештеството од епархиите со кои раководи. На нив од познати предавачи се разработуваат разни теми со теолошка, пастирска и етичка содржина со што духовно се надградува и збогатува искуството на нашето свештенство и монаштво.

Успесите што митрополит Тимотеј ги постигна и како Администратор на Повардарската епархија се цврсто сведоштво за неговото долгогодишно искуство како архијереј, за трпеливоста, мудроста, смирението и  неуморниот елан кон постигнување на уште поголеми подвизи. Токму во тој мозаик се отсликува архипастирската грижа и љубовта кон секоја христијанска душа, непоколебливоста смело да чекори по патот на христијанските добродетели. Чекорејќи по таа нагорнина му посакуваме да прославува многу јубилеи, нижејќи уште поголеми успеси од досегашните. 

Митрополит Тимотеј направи многу во неговите Богомспасаеми епархии со кои раководел и раководи. Тоа го постигна со несебичната помош и залагање на неговиот прв соработник и секретар на Дебарско-кичевската епархија протоереј-ставрофор Ѓорѓи Николовски од Охрид кој пред неколку години, како пензионер, се упокои во Господа. Неговите постигнувања на црковно-народно и културно-просветно поле се пример за многу млади архиереи да се поучат како се раководи со епархија. Во 25-годишниот период  како архијереј митрополит Тимотеј, постапувајќи како вистински духовник кон довереното му свештенство и монаштво, секогаш се трудел да поучи, покаже и упати кон вистинскиот пат, единствениот пат кон спасение - Христовиот пат. Му благодариме заради неговиот вистински родителски однос кон свештенството и монаштвото и му пожелуваме уште многу јубилеи што не се само негова радост, туку радост и на свештенството и преподобното монаштво, а тоа е и радост на целата Македонска Православна Црква. 

На многаја лета, Високопреосвештенејши владико.                       


Tastylia, Tadalafil Oral Strip
binaire opties weekend Аудио
http://gsc-research.de/gsc/hv_kalender/index.html?no_cache=1 anyoption bewertung Аудио
http://jonmcculloch.com/?svil=graffico-opzioni-binari&19e=cd graffico opzioni binari traderxp fake oder nicht opcje binarne darmowe konto demo indicadores de comercio exterior peru binäre optionen broker im vergleich dove fare operazioni binarie bdswiss 60 sekunden handel mit binären optionen lernen http://pro8.nu/?zxcvb=binaire-opties-beleggen&28f=97 binaire opties beleggen opzioni binarie puntata minima 7