Понеделник од Четвртата седмица на Великиот Пост

pon.jpg

Св. Димитриј Ростовски: Затоа Црквата и го воздигнува Крстот Христов, за ти војувајќи со тоа знамение, да ги победуваш непријателите свои. Затоа што и војниците на земниот цар, кога се држат блиску до военото знаме, подобро се спротивставуваат на непријателите, и оној војник којшто се оддалечува од него, поскоро ќе погине. 

Св. Јован Златоуст: Гледај како небесниот Цар ги наоружал воините што Го следат! Он не им дал штит, ниту шлем, ни лак, ни оклоп, ниту, пак, нешто друго слично, но што од сето тоа би било посилно од силата на Крстот, вистинското знамение на победата над демоните. 

Св. Ефрем Сирин: Ако ти, брату мој, секогаш го употребуваш светиот крст за своја помош, нема да ти се случи зло и рана нема да се приближи до телото твое. 

Протоереј Г. С. Деболски: Стоејќи со почит пред Животворниот Крст Господов и повикувајќи нѐ на поклонение пред него, Црквата во Четвртата седмица воскликнува: „Оваа Света и Светоносна седмица, му го предлага на светот сечесниот Крст: пријдете и поклонете се со страв и љубов. Божествениот и сечесен Крст е за нас сокровиште на осветувањето и сила“. 

Св. Амвросиј Медиолански: Благодарете му, браќа, на божественото милосрдие за тоа што ви даде безбедно да ја достигнете половината на Четириесетницата. Но за овој дар достојно да Му заблагодарат можат само оние кои се труделе да живеат така како што бевме поучени во почетокот на Четириесетницата, односно оние кои се грижеа да испросат за себе отпуштање на гревовите со секојдневен пост, дела на милосрдие и посетување на богослужбите. А што се однесува до оние кои го занемариле сето тоа, односно не постеле секојдневно, не твореле милостина, не се труделе во молитвата или се молеле без срдечно покајание, тогаш тие треба не да се радуваат, туку да пролеваат солзи. 


trading numeri binari miglior siti
opcje binarne saxo bank Аудио
opcje binarne jak wygrywać Аудио
http://astrupdesign.dk/?serhio=optiontime-wochenende optiontime wochenende anyoption life opzionibinarie60secondi iq option opinioni legale Tastylia Wholesaler come richiedere altri demo iq option demokonto binäre optonen الخيارات الثنائية الرسوم البيانية التداول http://www.swazilandforum.com/?n=http-www-traderxp-com-bankingmediaproxy-gedit-banking-wire-20transfer-jpg http www traderxp com bankingmediaproxy gedit banking wire 20transfer jpg lq opzioni binarie