Три современи настани кои ја сведочат силата на Крстот

На гости кај „видовитата“

-Сакаш ли да ти помогнам? – ми предложи една позната видовита жена - екстрасенс, со голема љубов и почит и потполно бесплатно. 

-Јас веќе толку луѓе сум излечила! Можам и операции да правам од далеку! 

Јас се согласив од љубопитност. И таа почна да прави движења со рацете на растојание од еден метар од мене. Потоа вели: 

-Не можам, нешто ме спречува. Имаш нешто метално на тебе. Треба да го тргнеш. 

-Имам часовник, игла и крст. 

-Часовникот и иглата можеш да ги оставиш, ама крстот многу пречи, не се гледа ниту еден орган во телото... 

Да го симнам крстот не сакав, ми изгледаше нелогично: метал си е метал. Како може еден да пречи, а друг не. 

Дури потоа ми се разјасни зошто „многу пречи“. Една година после овој експеримент ми падна во очи статијата наречена „Го разбива опиумот на безверието“, од игумен Ефрем. Во неа го пишуваше следново: 

„Современата младина, лишена од вера, а често и од благодатта на Светото Крштение, преку демонизирање, станува лесно управувана толпа, којашто можат да ја раководат неколку силни магови – екстрасенси. Демонизирањето, односно вселувањето на бесот, екстрасенсите го спроведуваат со помош на тајни заколнувања, маѓепсување со предмети и особени движења. А крстот им пречи, со него многу тешко им успева, бидејќи тој ја привлекува благодатта Божја на човекот и не им дозволува на демонските сили да навлезат во телото. Ете зошто екстрасенсите секогаш бараат да се симне крстот“. 

Црно куче

Во 1998 година, во една прилика со мојата сопатничка одевме заедно по еден селски пат. Наоколу ни жива душа. Одеднаш на крстопатот гледам - со полна брзина залетана кон нас една црна кралска дога, се дави од лаење. Сопственикот на кучето никаде на видик. Очигледно го пуштил кучето да трча слободно, а тој седи некаде во сенка. Во мене сѐ замре. Да бегам нема смисла, а да се скријам нема каде. 

-Не плаши се, - ми рече сопатничката и го прекрсти кучето, кое веќе беше на три метри од нас – во Името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух! Запри! 

Кучето застана како вкопано во земја и замолчи. 

Чудно вино

-Неодамна ми се случи нешто толку необично, што друг да ми раскажуваше не би поверувал, - ми кажа на средбата еден од нашите парохјани. 

-Ти знаеш де, одвреме-навреме посетувам една старичка. Таа е мајка на мои соученици. Обајцата нејзини синови, близнаци, умреа пред неколку години од глад. Обата беа неженети, така што и нивната мајка остана сама на светот. Бидејќи сама, како што обично оди, го препишала својот мал трисобен дом на соседите, за тие да се грижат за неа и да ја хранат. И секако, тие не се трудат којзнае колку многу, но сепак ѝ даваат некакви продукти. И се разбира, не можат да дочекаат да ја погребат. 

И воопшто не им се допаѓа што навраќам кај неа. Знаат дека не е потполно сама. Јас еднаш му раскажав за таа ситуација на мојот духовник, а тој ми рече: „Биди внимателен, можат и тебе да те убијат“. Тој, знаеш, ништо не кажува онака без причина. Се зачудив, секако, но не го сфатив тоа како предупредување. 

И така еве, пристигнувам јас кај таа старичка на некаков си црковен празник. Таа извади од некаде шише со вино. „Ајде“, ми вели, „во спомен на децата мои“. А јас, секако, од вино никогаш не се откажувам. „Ајде“, велам. И нешто мене тоа шише не ми се допадна. Го зедов и го прекрстив како што е редот. И можеш да замислиш – виното ја промени бојата! Пред наши очи! Стана некако матно црвено. „Од каде ви е ова вино?“, ѝ велам јас. „Соседите“, одговара таа. „Одамна ми го дадоа, ама досега немав прилика да го отворам“. Што се случи со виното, не се ни обидовме да сфатиме. Но, не се напивме од него. Претпазливиот и Бог го пази. И потоа му го раскажав тој случај на духовникот. Но таквите работи тој ги прима како да се подразбираат: „Добро што си го прекрстил“, ми рече. 


trading numeri binari miglior siti
opcje binarne saxo bank Аудио
opcje binarne jak wygrywać Аудио
http://astrupdesign.dk/?serhio=optiontime-wochenende optiontime wochenende anyoption life opzionibinarie60secondi iq option opinioni legale Tastylia Wholesaler come richiedere altri demo iq option demokonto binäre optonen الخيارات الثنائية الرسوم البيانية التداول http://www.swazilandforum.com/?n=http-www-traderxp-com-bankingmediaproxy-gedit-banking-wire-20transfer-jpg http www traderxp com bankingmediaproxy gedit banking wire 20transfer jpg lq opzioni binarie