Предание за празникот Крстовден

Првиот настан поврзан со славењето на празникот „Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст“ е следниот:

До IV век, Црквата не знаела каде се наоѓа Чесниот и Животворен Крст Господов зашто после распетието тој не бил сочуван. Кога Тит го зазел Ерусалим, тлото на градот било изменето и покриено со земја и затоа било многу тешко да се најдат местата кои биле поврзани со земниот живот на Господ Исус Христос. Пронаоѓањето на Крстот ѝ се припишува на царицата Елена, мајката на царот Константин. Историчарот Евсевиј во своето дело за животот на Константин, зборува за видението кое царот го имал пред битката со Максенциј  во 312 година. Благоверниот цар, на пладне, го видел на небото изобразен крстниот знак, кој сјаел со неискажлива светлина и на кој пишувало „Со ова ќе победиш“ . Идната ноќ, на царот му се појавил Самиот Спасител со  истото знамение што царот го видел минатиот ден на небото и му заповедал да направи сличен таков знак, кој спасоносно ќе ја предводи војската и со кој ќе ги победува непријателите (станува збор за Христограмот). Константин ја извојувал победата над Максенциј и со Христограмот победоносно влегол во Рим, кажувајќи му на израдуваниот народ дека тоа е спасоносниот знак кој е чувар на Римската Империја. Во спомен на чудесниот настан, на победата, и во слава на Христа Вистинскиот Бог, Константин си подигнал статуа на која тој во десната рака го држи крстот. На статуата имало натпис кој велел: „Со овој спасоносен знак, кој е сведоштво за вистинската храброст, го ослободив вашиот град од јаремот на тиранското владеење, на сенатот и народот римски им го вратив во слобода претходниот украс и сјај“. Тогаш е донесен и Миланскиот Едикт (313 год.), со кој на христијанството му се дало потполна слобода.

Светото Предание ни зборува за царицата Елена, која тргнала за Ерусалим со намера да го пронајде и да му се поклони на Крстот Христов. На Голгота таа пронашла многубожечки храм во чиишто темели се наоѓале трите крста: на Спасителот и на двајцата разбојници распнати заедно со Него од левата и десната страна. Но таа не знаела кој е Христовиот Крст бидејќи сите три крста биле идентични. Божјата промисла, сепак,  не дозволила оваа најголема христијанска светиња да остане незабележана. Имено, во тој миг поминувала погребна поворка. Царицата Елена, силно уверена дека мртовецот ќе воскресне доколку се допре до Христовиот Крст, ја застанала поворката и го положила мртовецот на трите крста. По Божја промисла мртовецот воскреснал на третиот Крст. Мноштво народ се насобрал за да се поклони на Крстот Господов, а за да можат сите да го видат, Ерусалимскиот архиереј го издигнал на високо место, после што сите пееле „Господи помилуј“. Царицата Елена главниот дел од Чесното Дрво го оставила во Ерусалим во црквата на Воскресението, а еден дел му испратила на својот син, царот Константин, во престолнината на Римското царство. Во оваа прилика таа му ги испратила и клиновите со кои Господ бил прикован на Крстот.

Вториот настан, заради кој се слави празникот „Крстовден“ се случил за  време на владеењето на царот Ираклиј (610 – 641). Во 614 год., Персијците го зазеле Ерусалим и од таму ги разграбале најголемите светињи, направиле страшно крвопролевање и оставиле невиден пустош. Меѓу светињите, тие од храмот на Воскресението го зеле и Чесниот Крст, кој бил во нивни раце 14 години. Житието, пак, на св. Атанасиј Персијанец (3 февруари) ни го дава податокот дека многу Персијци во тоа време ја примиле христијанската вера, зашто биле очевидци на многу чуда кои преку крстот се случувале пред нивните очи. 

Царот Ираклиј многу пати правел безуспешни походи против Персијците, сѐ додека не ги победил во 627 год. Враќајќи се во Цариград, тој разбрал дека Хозрој бил убиен од сопствениот син и дека овој сега моли мир од Ираклиј. Од Персија Ираклиј го вратил Чесното Дрво најпрвин во Цариград, а потоа, откако извојувал победа во Сирија, го донел во Ерусалим. Преданието вели дека царот, облечен во царска одежда и со инсигнии на царско достоинство, на плеќите го носел Крстот од Елеонската Гора до подножјето на Голгота, каде невидлива сила го спречила да се искачи понатаму. Патријархот Захариј му рекол да ги симне од себеси царските инсигнии и бос со Крстот на плеќите да го однесе Крстот на Голгота, во храмот на Воскресението, каде што потоа е извршено издигнување и поклонение пред него. Крстот кратко време останал во Ерусалим, зашто Ираклиј во 638 год., го пренел повторно во Цариград, плашејќи се од тоа дека тешко ќе може да ја задржи Сирија која ја напаѓале Арапите. При ова пренесување од Ерусалим во Цариград, Патријархот Цариградски Сергиј го примил кај црквата „Влахерна“, после што во литија го однел во храмот „Св. Софија“, каде бил извршен обред на издигање на чесниот крст.



الخيارات الثنائية مؤشر MT4 تحميل
http://chrissteakhousenc.com/?strays=sistema-binario-trading&f5b=72 sistema binario trading Аудио
För Viagra 120 mg utan recept Аудио
Köp Inderal på nätet Gävle, Sverige http://adamscreative.eu/?likvor=bin%C3%A4re-optionen-no-touch binäre optionen no touch orari negoziazioni opzioni binarie بالطبع خيار ثنائي binära optioner di miglior strategia opzioni binarie 60 secondi binary option free bonus no deposit 2016 forex binario online best binary options trading signals review Köp Atarax på nätet Kristianstad