Преподобен Пајсиј Светогорец

Молитва за другите

(V дел)

Молитва за болните

Старче, со каква духовна активност да се занимавам сега кога сум болен?

-Колку што можеш тивко потпевнувај си или кажувај ја Исусовата молитва, барајќи од Бога здравје за себе и за другите луѓе, кои сега кога си болен можеш подобро да ги разбереш. Тебе сега ти се даваат сите услови за молитва, дури и болката, која е особен предуслов за ти што боледуваш да се молиш за оние коишто боледуваат, и за твојата молитва да биде од срце. А тоа е и најважното дело на монахот. Доколку го сфатиш тоа, нема да бидеш тажен, туку непрестајно ќе се молиш, благодарејќи Му на Бога. 

Старче, некои луѓе праќаат списоци со имиња на болни во разни манастири, за таму да ги спомнуваат

-Тоа е добро, но не е доволно. Потребно е и тие да се молат, а и на болните да им се каже и тие сами да се помолат. Не треба да се потпираме само на тоа дека сме испратиле имиња. 

Овие денови, старче, сакав да Го замолам Бога да го земе кај Себе брат ми, кој многу страда како инвалид

-Немој ти на Бога да Му укажуваш на решенија. Со доверба препушти Му го тој проблем Нему. Бог знае што е од полза на Неговите деца, па како нежен Татко, ќе постапи и соодветно на тоа. 

Старче, како се молите за некој болен што е во животна опасност?

-Се трудам колку што можам во молитвата и во подвигот, а после целата таа работа ја препуштам во рацете на Бога, Кој е добар по Својата природа. 

Старче, бидејќи Бог веќе знае што му е од полза на секој болен, зошто е потребно да се молиме за болните?

-Ние сме должни да се молиме на Бога, и ако оздравувањето или продолжувањето на животот е за спасение на душата на болниот, Бог веднаш ќе помогне. Но ако не се молиме на Бога, болеста природно ќе си се развива по својот тек. 

Молитвата со сострадување ја следи Божествена утеха

Старче, кога ќе слушнам какви сѐ проблеми имаат луѓето, се јадам во себе. Дали е тоа маловерие?

-Види сега: кога страдаме заради нас самите тоа е маловерие, а кога страдаме заради другите тоа е сострадување. Кога на вистински начин се јадеме во себе поради страдањата на нашите ближни, тоа е проследено со молитва, а после неа следи Божествена утеха. Затоа моли се колку што можеш, а потоа сѐ остави во Божји раце и биди спокоен. Зарем болката на Божјите созданија Го боли Бога помалку отколку тебе? Зошто би се вознемирувал? 

На оние кои духовно сострадуваат со другите луѓе и страдаат заради страдањата на нивните ближни, Бог им дарува голема утеха, бидејќи во спротивно тие не би можеле да ја издржат сета таа болка. Знаете ли колку со горчина се исполнувам од сите тие писма што ги добивам од луѓе со цел куп проблеми? Од толкава горчина се трујам и потоа не сакам ништо ни да јадам. Но токму од таа болка излегува вистинска утеха. Бог те наградува со утеха сразмерно на болката. Те теши со толкава утеха, што повеќе не можеш да поднесеш. Па наместо да те боли душата поради болката на другите луѓе, и наместо да плачеш, ти потоа чувствуваш некаков восхит. Како Добриот Бог да ти вели: „Не грижи се, дете Мое, слушнав што бараш од Мене“. 

Крај


الخيارات الثنائية مؤشر MT4 تحميل
http://chrissteakhousenc.com/?strays=sistema-binario-trading&f5b=72 sistema binario trading Аудио
För Viagra 120 mg utan recept Аудио
Köp Inderal på nätet Gävle, Sverige http://adamscreative.eu/?likvor=bin%C3%A4re-optionen-no-touch binäre optionen no touch orari negoziazioni opzioni binarie بالطبع خيار ثنائي binära optioner di miglior strategia opzioni binarie 60 secondi binary option free bonus no deposit 2016 forex binario online best binary options trading signals review Köp Atarax på nätet Kristianstad