Преподобен Пајсиј Светогорец

Потешкотии во молитвата

(II дел)

Потребна е волја за да се постави нов почеток

Старче, зошто сум немарен? 

-Не – м – арен; затоа што ти недостасува она... арно (убаво, добро)! Изгледа дека не си ја стекнал убавината, сладоста на духовното делување. 

Старче, дали после извесен период на немарност помага доколку малку по малку се придвижувам? Еден ден да свртам една бројаница, другиот ден две итн.?

-Треба да имаш волја да почнеш и малку да се принудиш себеси за да поставиш нов почеток. Дури и кога човекот е уморен, ако малку се принуди себеси, заморот минува и тој се чувствува добро. Тој мал труд што го вложува значи многу, бидејќи Бог го сака нашето настроение за да може да посредува; а тоа е токму она што ќе нѐ спаси – божественото посредување. 

Старче, дури и кога имам време не сум расположен да се занимавам со духовно делување.

-Е да, се случува понекогаш тоа расположение, но треба малку да се принудиме. Кога некој е нерасположен тој обично нема ни апетит, но сепак се принудува да јаде. Било да има или нема апетит, тој во почетокот зема нешто лесно, бидејќи стомакот не му поднесува силна храна, а потоа малку по малку апетитот му се отвора. Ако не јаде како ќе зајакне? Така и ти не би требало себеси да си допушташ немарност, бидејќи тоа ќе те уништи. Дај си на себе полесна духовна храна, за полека да се прибереш. Направи еден мал напор за да поставиш почеток. 

Навистина, Старче, мене ми е тешко да се занимавам со нешто духовно. 

-Да, затоа што маслото ти е замрзнато. Направи некоја метанија,  читај малку, моли се малку на бројаница за срцето да ти се загрее. Речи си: „Ќе направам макар само пет метании“. Кога ќе ти се придвижи моторот, потоа нема да можеш да го запреш, ќе ти треба кочница. 

Да ѝ ја дадеме на душата храната што ѝ е потребна

Старче, кога ќе изгубам волја за духовно делување, како одново да почнам?

-Занимавај се со она духовно делување кое ти се допаѓа, а кога ќе ти се врати волјата, ќе се занимаваш и со останатото. Постави пред тебе духовна трпеза, па види што е тоа што те привлекува. Сакаш ли нешто малку да прочиташ? Сакаш ли да свртиш една бројаница? Сакаш ли да го отпееш молебниот канон? Сакаш ли да читаш Псалтир, или да направиш некоја метанија? А ако немаш волја за ништо, е тогаш ти треба еден стап! 

А можам ли да почнам од ракоделието, Старче?

-Можеш, но истовремено да се занимаваш и со Исусовата молитва. 

Старче, а можеби правејќи го она што ми се допаѓа, си ја вршам својата волја?

-Гледај, во духовен поглед, на душата треба да ѝ ја дадеме храната што самата ја сака и што самата ја бара. Така душата се насладува, храни и придвижува кон поголемо духовно делување. Нели кога ќе се разболиме, нашиот организам ни бара нешто и ние му го даваме тоа за да оздравиме. Кога бев мал се разболев од анемија и барав да јадам лимон. Меѓутоа, бидејќи не знаеја дали смеам да јадам лимон, родителите не ми го даваа, туку го чекаа докторот. И на крај кога докторот дојде, тој самиот ми препорача да јадам лимон, бидејќи на мојот организам му беа потребни витамините што се наоѓаат во него. 

Старче, за да можам овој пат да се соочам со немарот, се потрудив да се придржувам на еден ред.

-Редот е добра работа, но прво треба да настапи срцето, а потоа распоредот. 

А можеби, Старче, вие ќе сакате да ми дадете некаков распоред?

-Распоредот што ќе ти го дадам е да се занимаваш со она духовно делување кое ти се допаѓа. Немој да се напнуваш и притискаш, туку испитај кој вид на духовна храна е потребен за твојата душа и тоа давај ѝ го. Кога ќе почувствуваш потреба да пееш – пеј; кога те привлекува читањето – читај; кога те привлекува Исусовата молитва – моли се. Исполнувај ги и сите останати твои духовни желби, под услов да не се принудуваш себеси прекумерно. Мислам дека сфаќаш. Вака ќе постапуваш сега, на почетокот, додека душата не ти се наслади, а потоа ќе влезеш во еден духовен поредок кој сам по себе ќе те влече. Не се вознемирувај; со Божјата благодат твојот мотор ќе се придвижи и потоа има да леташ! 

Продолжува


الخيارات الثنائية مؤشر MT4 تحميل
http://chrissteakhousenc.com/?strays=sistema-binario-trading&f5b=72 sistema binario trading Аудио
För Viagra 120 mg utan recept Аудио
Köp Inderal på nätet Gävle, Sverige http://adamscreative.eu/?likvor=bin%C3%A4re-optionen-no-touch binäre optionen no touch orari negoziazioni opzioni binarie بالطبع خيار ثنائي binära optioner di miglior strategia opzioni binarie 60 secondi binary option free bonus no deposit 2016 forex binario online best binary options trading signals review Köp Atarax på nätet Kristianstad