Житие на Преподобната мајка наша Ирина од Хрисоваланту

0728_Eirini_Xrysobalantoy.jpg

Светата Ирина била ќерка на богато семејство од Кападокија, и се родила во деветиот век.

По смртта на нејзиниот сопруг Теофил, царицата Теодора владеела со Византија како регент за својот млад син Михаил. Света Теодора (11 февруари) помогнала да се порази иконоборската ерес, и да се вратат светите икони. Ние го одбележуваме овој Триумф на Православието во првата Недела на Великиот пост.

Кога Михаил бил на дванаесет години, света Теодора испратила амбасадори во целата империја да се најде соодветно доблесна и чиста девојка, за да биде негова жена. Света Ирина беше избрана, и таа се согласила на брак. Поминувајќи ја планината Олимп во Мала Азија, Ирина побарала да се запре, за да може да добие благослов од свети Јоаникиј (4 Ноември), кој живеел на планината. Светителот, кој се покажувал само на многу достојни верници, го предвидел доаѓањето на света Ирина, а исто така и нејзиниот иден живот.

Светиот подвижник ја поздравил и и рекол да продолжи кон Константинопол, бидејќи женскиот манастирот на Хрисоваланту има потреба од неа. Изненадена од неговата визија, Ирина паднала на земјата и побарала од свети Јоаникиј благослов. Благословувајќи ја и давајќи и духовен совет, тој ја испратил на нејзиниот пат.

Кога групата пристигнала во Цариград, роднините на Ирина ја пречекале со голема церемонија. Бидејќи “чекорите на еден човек се право наредени од Господа” (Пс. 37: 23), Бог уредил Михаил да се ожени со друга девојка, пред неколку дена, така што Ирина била слободна да стане невеста на Христа. Далеку од тоа да биде разочарана, Ирина се зарадувала на овој тек на настаните.

Сеќавајќи се на зборовите на свети Јоаникиј, Ирина го посетила манастирот на Хрисоваланту. Таа била толку восхитена од монахињите и нивниот начин на живот, што ги ослободила нејзините робови и го раздала нејзиното богатство на сиромасите. Таа ја разменила нејзината фина облека за проста облека на монахиња, и им служела на сестрите со големо смирение и послушание. Игуманијата, била импресионирана од начинот на кој Ирина ги врши повеќето здодевни и несакани задачи без приговор.

Света Ирина почесто ги читала житијата на Светите во нејзината келија, ги имитирала нивните доблести на најдоброто што можела. Таа често стоела во молитва цела ноќ со рацете подигнати, како Мојсеј на планината Синај (Исход 17:11-13). Света Ирина ги поминала следните неколку години во духовна борба победувајќи ги напади на демоните, и носејќи плодовите од Светиот Дух (Галатјаните 5:22-23).

Кога Игуманијата ја насетила близината на нејзината смрт, им рекла на другите монахињи дека не треба да прифатат никој друг, освен Ирина како нова Игуманија. На Ирина не и било кажано за упатствата на Игуманијата и кога таа починала, заедницата испратила претставници да одат и да бараат совет од Патријархот, Свети Методиј (14 Јуни). Тој ги прашал кого сакаат како свој претпоставен. Тие одговориле дека верувааат дека тој ќе биде воден од Светиот Дух. Без да знае за упатствата на покојната Игуманија до монахињите, тој прашал дали имаат смирена монахиња со име Ирина во нивниот манастир. Ако е така, рекол тој, неа треба да ја изберете. Монахињите се радувале и Му се заблагодариле на Бога. Свети Методиј ја издигнал Ирина во чин на Игуманија и ја советувал како да ги води тие кои се во нејзина одговорност.

Враќајќи се во манастирот, Ирина се молела Бог да и помогне да се грижи за оние кои се под неа, и го удвоила сопствениот духовен подвиг. Таа покажала голема мудрост во водењето на монахињите и добила многу откровенија од Бога, за да и помогне во извршувањето на нејзините должности. Таа, исто така, барала за дар на прозорливост, за да знае какви судови ги чекаат нејзините монахињи. Така, таа била во подобра позиција за да им даде соодветна помош. Таа никогаш не го користела ова знаење да ги засрами другите, туку само да ги поправи во нивните исповеди на начин со кој ќе им даде да знаат дека таа поседува одредени духовни дарови.

Иако света Ирина извршила многу чуда за време на нејзиниот живот, да спомнеме само едно. На големите празници имала навика да бдее во манастирскиот двор под ѕвезденото небо. Еднаш, една монахиња, кој не можела да спие, излегла од келијата и отишла во дворот. Таму ја видела Игуманија Ирина како лебди неколку метри над земјата, целосно се обземена во молитва. Зашеметената монахиња, исто така, забележала дека два кипариса се имале наведнато со врвовите на земјата, како да оддаваат чест. Кога таа завршила со молитвата, Ирина ги благословила дрвјата и тие се вратиле во својата исправена положба.

Плашејќи се дека ова би можело да биде искушение од демоните, монахињата се вратила следната вечер за да види дали погрешила. Повторно ја видела Ирина како лебди додека се моли, и кипарисите поклонети надолу. Монахињата врзала марамчиња на врвовите на двете дрва пред тие да се вратат назад на своите места. Кога и другите сестри виделе марамчиња на врвот на дрва, тие започнале да се прашуваат кој ги ставил таму. Тогаш монахињата, која била сведок на овие чудни настани открила на другите за она што го видела. Кога света Ирина дознала дека монахињата биле сведок на чудото и раскажала на другите, многу се вознемирила. Таа предупредила да не кажуваат за тоа никому сѐ до нејзината смрт.

Света Ирина го одбележувала празникот на свети Василиј (1 јануари) со голема посветеност, бидејќи тој исто така доаѓал од Кападокија. Една година по одбележувањето на празникот, света Ирина слушнала глас во текот на ноќта кој и кажал да пречека некој морнар, кој ќе дојде на вратата следниот ден. И било кажано да се зарадува и да јаде од овошјето кое морнарот ќе и го донесе. За време на Утринската служба, морнар дошол на вратата и останал во црквата до крајот на Литургијата. Тој и рекол дека доаѓа од Патмос, каде што се качил на брод. Кога бродот запловил, тој забележал еден стар човек на брегот, како повикува по нив да застанат. И покрај добриот ветер, бродот ненадејно застанал. Тогаш старецот поминал по водата и влегол во бродот. Тој му дал на морнарот три јаболка, кои Бог му ги испраќал на патријархот “од Неговиот возљубен ученик Јован.” Потоа старецот му дал на морнарот уште три јаболка за Игуманијата на Хрисоваланту. Тој му рекол на морнарот дека ако Ирина јаде од јаболката, сѐ што нејзината душа посакува ќе биде дадено “зашто овој подарок доаѓа од Јован од Рајот.”

Света Ирина постела една недела, благодарејќи на Бога за овој прекрасен подарок. За време на четириесет дена, таа јадела мали парчиња од првото јаболко секој ден. Во тоа време,  таа не јадела, ниту пиела ништо друго. На Велики Четврток, таа им рекла на монахињите да ги примат Светите Тајни, и потоа им дала по еден дел од второто јаболко. Тие забележале необична сладост и чувствувале како нивните души биле хранети.

Ангел ја известил света Ирина дека ќе биде повикани при Господа еден ден по празникот на свети Пантелејмон. Празникот на манастирот паднал на 26 Јули, па света Ирина се подготвувала со постот една недела однапред. Таа земала само малку вода и помали парчиња од третото јаболко, испратено до неа од свети Јован. Целиот манастир бил исполнет со небесен мирис и сите несогласувања исчезнале.

На 28 Јули, света Ирина ги повикала сите монахињи со цел да се збогува. Таа, исто така, им рекла да ја изберат сестра Марија како нејзин наследник, бидејќи таа ќе ги задржи на „тесниот пат што води кон животот“(Матеј 7:14). Откако го помолила Бога да го заштити нејзиното стадо од моќта на ѓаволот, се насмевнала кога ги видела ангелите кои биле испратени да земат нејзината душа. Потоа, таа ги затворила очите и ја предала душата на Бога.

Света Ирина имала повеќе од 101 година кога починала, но нејзиното лице изгледало младо и убаво. Голема толпа луѓе дошла на нејзиниот погреб и многу чуда се случиле на нејзиниот гроб.

Во некои парохии е вообичаено да се благословат јаболка на празникот на света Ирина од Хрисоваланту.

Се празнува на 28 Јули, односно 10 Август според новиот календар.





Аудио
Аудио