Житие на преподобна Касијана Песнописателка

st309_300.jpgПреподобната Касијана (или Касија, или Икасија) Песнописателка, наречена и Цариградска, се родила помеѓу 805 и 810 година во Цариград и живеела во времето на царот Теофил (829-842). Од малкуте животописни податоци знаеме дека преподобна Касијана имала благородно потекло и била многу образована и доблесна. Нејзиниот татко имал служба на кандидат на царскиот двор и, веројатно, се упокоил до 815 година. Касија и нејзината мајка биле иконопочитувачки и во вториот иконоборски период ги помагале православните исповедници. 
Света Касијана се одликувала, како со телесна убавина, така и со голема мудрост. Тројца ромејски времеписци, Симеон Метафраст, монах Георгиј Грешник и Лав Граматик наведуваат дека зела учество во чинот на избор на невеста за царот Теофил, што го приредувала неговата маќеа, Ефросина. Царот требало да ја одбере идната сопруга, давајќи ѝ златно јаболко на онаа која ќе му се допадне. Восхитен од убавината на Касијана, младиот цар и се приближил и, веројатно сакајќи да ја испита нејзината мудрост, ѝ рекол: „Од жената, нели, излезе сѐ лошо“, мислејќи на прародителскиот грев, кој го предизвика Ева. Касијана, му одговорила: „Но, преку жена дојде и сѐ добро“, мислејќи на надежта за спасение од воплотувањето на Христа преку Пресветата Богородица Марија. Врз основа на преданието, овој познат разговор бил вака: 
- Ἐκ γυναικὸς τὰ χείρω.
- Kαὶ ἐκ γυναικὸς τὰ κρείττω.
Себељубието на Теофил било повредено, поради што тој ја одбил Касијана како своја невеста, а ја одбрал Теодора.
Друго што се знае за преподобна Касијана е тоа дека во 834 година основала општежитие западно од Цариград, близу до ѕидините на градот, и станала негова прва игуманија. Иако многу истражувачи и го припишуваат овој избор на нејзината несреќа дека не стана царица, едно писмо на свети Теодор Студитски (сочувани се три писма од свети Теодор кон неа) дава други причини за овој нејзин избор. Таа одржувала блиски врски со соседната Студитска обител, која ќе одигра значајна улога во преиздавањето на ромејските богослужебни книги во 9ти и 10ти век, и резултирало со прилика да се сочуваат многу од нејзините дела.
Врз основа на преданието, царот Теофил, бидејќи сеуште вљубен во неа, посакал да ја види барем за последен пат и така отишол во манастирот во кој живеела. Кога царот пристигнал со својата придружба, Касијана била сама во келијата, и го пишувала познатиот свој тропар, кој се пее на вечерната на Велики Вторник. Таа сѐ уште го љубела, но бидејќи го посветила својот живот на Бога, се сокрила, не сакајќи да го види и со тоа поранешната страст да ја замени нејзината монашка ревност. Но, го оставила недовршениот тропар на масата. Теофил ја нашол нејзината келија и влегол внатре сам. Ја побарал, но залудно. Преподобната го гледала од еден плакар, каде се сокрила. Теофил се загрижил, заплакал и се покајал за часот кога поради себељубие ја загубил толку убавата и мудра жена. Кога го видел ракописот на Касијана на масата и го прочитал, тој му додал уште еден стих. Според преданието, тој стих е: „нозете чии стапки во рајот Ева ги слушна, се исплаши, и од страв се сокри.“ Заминувајќи си, ја видел Касијана како се крие, но не ѝ проговорил, почитувајќи ја нејзината желба.
Оваа голема творителка и песнописателка на нашата црква, светата Касијана, патувала во Италија и Крит, и на крај на островот Касос, каде го завршила својот овоземен живот. По нејзиното упокојување, нејзиното тело било ставено во мермерен кивот и поставено во црква посветена на неа. Денес се чува кивотот и еден мозаик од 9от век. Подоцна, според некои извори, нејзините мошти биле пренесени на Икарија.
И покрај тоа што нејзиниот спомен не го наведува ниту еден Синаксар, Касијаните, од сродството на нејзиното име со нивниот остров, го посветиле 7 септември како ден за нејзин спомен и Георгиј Сасос Касијанин напишал и посебна служба, објавена во Александрија во 1889 година. Оваа служба му била испратена на патријархот Софрониј Александриски, кој му ја дал на митрополитот Герман Тиваидски да ја издаде и така, на некој начин, ја озваничил светоста на Касијана од страна на црквата на Александрија, како што и посакувале жителите на Касос.
Присуството на Касијана ги засенува песнописците и музичарите на нејзиното време, зашто претставува веќе позната жена песнописец (пишувала и текст и музика) во историјата на ромејската музика. Имајќи особен дар, способност, осет и богатство на изразување, ставена е со право во делот на големите музикотворци. Во тоа ѝ помогнало големото образование, кое ѝ го дозволувало нејзиното благородно потекло. Нејзиното дело е надвременско и постојано современо и особено го трогнува православниот свет.
На преподобна Касијана ѝ се припишуваат околу 45 дела, од кои 23 се без двоумење нејзини, додека потеклото на другите не е целосно познато. Исто така, таа има нотирано текстови на различни песнописци. Од попознатите тропари е славниот Господи, во многу гревови паднатата жена, на глас 8ми, кој се пее вечерта на Велики Вторник, како и ирмосите од првата и петтата песна на канонот на Велика Сабота. Нејзино дело е и еден канон За мртвите, сочуван само во еден ракопис, чие краегранесие (акростих) го содржи нејзиното име. Најголемиот дел од нејзините дела е сочинет од стихири за празнување на светители, како на пример, стихирите на рождество на Претечата. Нејзи ѝ се припишува и четирипеснениот канон Ἄφρων γηραλέε, како и многу стихири на слава – славици, помеѓу кои е и познатиот славик на Христорождество, Кога Август едниноначалствуваше на глас 2ри. Има напишано и 21 самогласни тропари, од кои само 7 се во употреба денес. Сочувани се и други нејзини небогослужебни песни. Според византологот Крумбахер, Касијана била особена личност и нејзиното дело се одликува со силно предложение, длабоко образование, самодоверба и смелост. Многу сочувство и длабоко богопочитување. И Софрониј Евстратијадис, осврнувајќи се на нејзиното дело, напишал дека се одликува со сладост на ненаситен мелос.


http://chrissteakhousenc.com/?strays=autopzioni-binarie-it&9a5=65 autopzioni binarie it
binäre optionen strategie verdoppeln Аудио
bdswiss Аудио
binaire opties no deposit tastylia tadalafil 20 mg optazioni binarie binära optioner sören larsson iq options отзывы esperienze opzioni binarie mamma stipendio 60 sekunden binäre optionen vergleich applicazione scommettere opzioni binarie bästa strategi binära optioner autopzioni binarie caricare 50