Младите гледаат спас во Христовата револуција

Живеејќи го веќе цели 17 години православното монашко предание, бигорското братство стекнало многу духовни чеда и пријатели. Искушенијата што пред три години ги предизвикал пожарот ги надминале многу полесно, со заедничка поддршка од сите нив. Вака архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, ја опишува битката што изминатите неколку години ја води со одржување на манастирот, низ чии порти поминале и многу странски туристи. Изминатава година манастирот почна да го добива конечниот лик. Доби мошти од свети Никола, подарок од Украинската црква, отец Јосиф од братството беше прогласен за викарен владика и беа излекувани многу млади луѓе, кои доброволно побарале помош од Бог во борбата за оттргнување од зависностите. Во моментов Бигорскиот манастир брои вкупно 21 брат, 15 од нив монаси, а преостанатите се искушеници. Во бигорскиот метох, манастирот „Св. Георгиј“ во Рајчица, има 10 монахињи и една искушеничка. Во манастирот постојано престојуваат околу 25-30 млади луѓе, кои се борат против зависностите.

Од пеплосаниот манастир направивте најголемо духовно светилиште во Македонија, но и надвор од неа. До каде е изградбата на манастирските конаци?- Градењето во Бигорски започна уште во 1995 година, кога беше основано нашето братство и возобновен монашкиот живот. Со Божја помош, Бигорски стана наше големо духовно светилиште, длабоко почитувано и надвор од Македонија и од страна на другите православни земји. По пожарот од 2009 година се изгради многу. Братството непрестајно вложува сили за обновата и на материјален план, а пред с?, и за духовното возобновување на манастирот и за ширење на евангелската проповед меѓу луѓето. Оттаму и големата почит што народот ја има кон овој, наш, голем, духовен центар. Авторитетот не се гради прекуноќ. Сета материјална градба во Бигорскиот манастир, вклучувајќи го тука и градењето на Горни Палат, кое е во тек, е плод на духовната преродба што се случува во манастирот. Досега за возобновувањето на Горни Палат е постигнато значително многу, но сепак, за неговото целосно завршување и осветување се потребни многу средства. Притоа, морам да ја изразам својата голема благодарност кон Владата, која досега ја помагаше изградбата, како и кон нашиот богољубив народ, поради неговите многубројни даренија.Како ја оценувате 2012 година за духовниот живот во Бигорскиот манастир и во МПЦ-ОА?- Нашиот манастир е добро познат по својата духовна мисија, особено меѓу младите. Ваквата духовна дејност во помала или поголема мера е карактеристична и за некои други манастири и духовници во МПЦ. Во рамките на МПЦ духовниот живот е во подем, иако не со посакуваниот интензитет. Радува тоа што извесен процент од младината, незадоволен од апсурдот што го нуди модерниот свет преку т.н. модерна револуција, под мотото „слободно општество“, барајќи излез од него, ги наоѓа патот и одговорот во единствениот вистински револуционер – спасителот Христос. Неговата револуција го прави човекот борец, најпрвин против страстите во себеси, а потоа и против злото во светот. Тоа е револуција на доброто над злото, револуција што ја победи смртта. Христовата револуција ги надмина сите досегашни револуции и таа би требало секогаш да е актуелна во нас, бидејќи секогаш е современа, во вистинска смисла на зборот. Само во црквата младите можат да ги најдат посакуваниот одговор и вистинската смисла на животот. Годинава имавме многу убави духовни настани, во контекст на  45 – годишнината од возоб-новувањето на Охридската архиепископија. Тука би ги издвоил двете прославувања на свети, прво на Пречистанските пре-подобномаченици, а потоа и на Битолските преподобномаченици, кои со своето мачеништво сведочат за истрајноста и пожртвуваноста на нашиот народ и за неговата силна вера низ вековите. Секако, да не ги заборавиме и двете хиротонии на новите епископи.

otecot.png

Сведоци сме на постојани напади на македонскиот јазик, името, идентитетот и на културата. Како Вие ги оценувате оспорувањата на с? што е македонско, зашто токму МПЦ е дел од македонското опстојување?

– Нашиот народ, одејќи го трнливиот пат за своја самостојност и државност, низ историјата наидувал на многу тешки искушенија и проблеми. И покрај с?, ние денес ја живееме реалноста за која сонувале и се бореле нашите предци, а тоа е самостојна држава. Меѓутоа, за обезбедување сигурна иднина на нашата држава, неопходна е национална платформа, изградена на темелите на вистинските историски факти, кои го потврдуваат нашиот национален идентитет. Таквата платформа треба да стане заедничка цел и дел од програмата на сите политички партии и национални институции во Македонија. За жал, морам да нагласам дека нашата најголема слабост лежи во тоа што ние досега сe уште немаме изградено ваква национална платформа, заснована на темелите на вистинските факти што треба да се земат од нашата многу славна и бурна, христоцентрична историја. И токму тоа е причината за многубројните доживеани порази. Но ги полагаме своите надежи во добриот Бог, кој ја чува нашата татковина во многубројните искушенија.И оваа година остана отворено прашањето за признавање на МПЦ од сестринските цркви. Дали сметате дека следната година ќе биде пресудна за продолжување на дијалогот со СПЦ?- Искрено се надевам, во името на христијанското братољубие, дека ова тешко искушение за нашата црква ќе биде надминато. Несомнено е дека за ова прашање многупати се дебатирало и, за жал, постојано се доаѓало до истиот заклучок – прашањето е повеќе политичко отколку црковно, бидејќи според каноните на православната црква, секоја држава може да има своја автокефална црковна ерархија, па дури и ако претходно немала таква низ историјата. Ние, пак, слободно можеме да посведочиме дека низ историјата сме имале своја црква – славната Охридска архиепископија, која постоела и во време кога сме немале сопствена држава и таа била единствената надеж и поткрепа за нашиот народ. Нејзина наследничка денес е Македонската православна црква, што значи дека МПЦ има свој историски континуитет. Меѓутоа, повеќе од јасно е дека проблемот со непризнавањето на нашата црква лежи во нејзиното име. Сметам и дека би било добро доколку нашата црква, во напорите за свое признавање, ги насочи своите дипломатски активности кон Руската православна црква, кон грчкиот блок цркви, а особено кон неговата светост, вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој е исклучително духовна личност, што е посведочено во многу случаи, кога со неговото искрено залагање различни црковни проблеми се решиле на богомудар начин. Наша должност како монаси е да му се молиме Бога ова прашање што поскоро да го реши и нашата црква да биде примена во заедницата на преостанатите помесни православни цркви, за доброто на целото православие.