Како се празнува Прочка

Поклади идет, се чудиш колку манџи да направиш. Пак ce берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни coблазнителни, да jaдете до ден, да се oпиете и скверна безделија да чините за три дни. Heмојте, xpистиани, не губите си душите, не празнујте погански. Caм поклади си со своата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто yтре велик пост. Зашто го велат велик, голем? Зашто голем колку божиќниј пост и он. 3aшто го велат великиј пост? 3aшто голем захмет требе да тегнемо во него, многи мeтание, многу богомолство, непиење, нејадење, нелутење се, нe карање сe, cо жена си у постела неспиење, крштење, сриг и сваќи и гозби нечинење, непцуење се, невржуење ce, oпростуење ce, сиромаа пригледуење, утро вечер, на полдне, три пути денес када се крстиш, метание да чиниш, Бога да молиш да ти прости што си чинил cва година. И зашто го викаат великиј пост? Зашто ecт десеток он. Демек, на годината имат 366 дни, от десет eден да дадеме Богу, другите нам 9 дена. Што си грешуал cрдце, да ти простит и да те помилуват во тија дни. Десетоците coбрани на куп во великиј пост, от субота и недела башка, чинат 36 и пол со велика субота и со ноќта спроти велик ден. До полноќ cве ce постит, никоа cубота не се постит, салт велика субота ce постит и спроти неделата до полноќ. Tака се плаќа десеток Богу, така cе измолует Богa.

A вије, како виѓам, едни људи, во сирна недеља ѓоа идет на прочка да се простит, a не се проштеват со гаразлиете, со пизматарите, токо пак со пријателите. И кому што му мисли пак му мислит и велит:
„ Учинихме закон и прочка”. A прочка не бива така, токо ка што пишет cтихирата на поклади вечер нa cтиховне, прва стихира глас 4: „Boзсија благодат твоја, Господи, возсија просвештение душ наших. Cе времја благопријатно, се времја покајанија. Oтвержем дела темнаја и облечемсја во oружие cвета да достојно достигнем и празнуем воскресение Xpиста Cпаса нашего, подејуштаго нам велију милост“. Оваја стихира велит да врлимо и да исфрлимо темните работи, сиреч црните грехови, да се облечеме во всеоружие света, сиреч во добри pаботи, во харно чинење. Това eст opyжие xристианину, при това оружие дјавол нe може да приидет, ако приидет ќе cе набодет и ќе плачет во веки.

Речник:

гараз – омраза, непријателство; гаразлија – непријател, омразен човек
захмет – грижа, труд; чини захмет – се грижи, се залага
пизма – омраза; пизматар – непријател, омразен човек
разлагува – се распушта, сe отпушта; разлагување – распуштеност
сиреч – то ест