Чомлек на манастирски начин

Потребни состојки:

  • 40 главици ситен кромид 
  • 2 главици лук
  • 5 суви пиперки
  • 10 печурки
  • 1 шолја вино црвено
  • ½ шолја масло
  • 1 лажичка зачин
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 4 ловоров листа
  • 1 лажичка сол
  • Бибер во зрна

Начин на подготовка:

Кромидот се чисти, главицата лук се дели на чешниња (не се лупи), сувите пиперки и печурките се мијат и сецкаат на парчиња. Во длабок огноотпорен сад (најдобро е грне) се става еден ред од кромидот, па неколку чешниња лук, потоа сецканите пиперки и печурките и се зачинува со ловоров лист и бибер. Постапката се повторува уште еднаш и на крај се полева со претходно приготвена течност од вино, масло, зачин, пипер и сол. Грнето се става на оган и се остава да врие на тивко околу 3 часа.

Прилог:
Ова јадење може да се сервира со риба, пире, ориз и слично.