Чорба од сирење и кашкавал

Потребни состојки:

  • 200 гр. сирење
  • 200 гр. кашкавал
  • 3 лажици брашно
  • 2-3 моркови
  • 1 лажица зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
  • Фиде
  • Сол
  • Бибер
  • Магдонос
  • Масло

Начин на подготовка:

Најпрво се подготвува запршката – во соодветен сад се загрева малку масло, па се додава брашното и се пржи сѐ додека запршката не добие златникава боја. Потоа запршката се остава да се олади. Во друг подлабок сад се става малку масло и во него се пржи претходно излупениот и изрендан морков. Откако морковот ќе се испржи, се додава зачинот и вода, а кога сето тоа ќе зоврие, се додава и запршката и се остава да повари околу пет до десет минути. Притоа се зачинува со бибер и сол по вкус. После варењето, садот се трга на страна и во него се додаваат сирењето и кашкавалот, претходно исечкани на коцки, заедно со една рака фиде и исечкан магдонос. Сето тоа се остава осум до десет минути, после што може да се сервира.