136

Крап на манастирски начин

Потребни состојки:

  • Крап
  • 1 кг. кромид
  • 3 моркови
  • 1 китка магдонос
  • 2 дл. вино
  • 2 дл. домата или 2 домати
  • 1 главица лук
  • Масло
  • Зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
  • Сол
  • Црн бибер
  • 3 ловорови листа

Начин на подготовка:

Крапот најпрвин внимателно се чисти од крлушките, па се расекува на стомакот, му се вади внатрешноста и темелно се мие. Потоа се посолува со крупна сол и се остава да одстои 4 до 5 часа. Настрана се сецкаат на парчиња кромидот, морковот и лукот, им се додава убаво измиениот и ситно исецкан магдонос, се додава малку сол, зачин од зеленчук, ловоров лист и црн бибер. Тавата се премачкува со масло и во неа се става половина од смесата, со истата смеса се полни крапот и се реди во тавата, а отстрана му се додава останатата смеса. Најпосле крапот се полева со виното, доматата, останатото масло и малку вода и се става да се пече на 200°C околу 1 час.