298

Макарони со печурки и сирење

Потребни состојки:

  • 1 пакетче макарони
  • 2 главици кромид
  • 400 гр. печурки (свежи)
  • 3 јајца
  • 200 гр. сирење
  • Масло
  • Зачин
  • Сол
  • Бибер

Начин на подготовка:

Макароните најпрво се варат и се цедат од водата. Потоа се ставаат во длабок сад, им се додава изрендано сирење и претходно изматените јајца и сето тоа се меша додека не се соедини. Во меѓувреме, настрана во сад се загрева масло и се пржи кромидот со малку сол. Кога ќе порумени, во него се додаваат исецканите печурки и сè заедно се пржи додека не испари водата и се зачинува по вкус со сол, бибер и зачин. На крај се намастува длабока тава со малку масло, се става половината од макароните, па се додаваат печурките и останатите макарони. Се пече околу 15′-20′ на 200°C.

Прилог:
Ова јадење може да се сервира со павлака или со таратур салата.