301

Манастирски специјалитет со црн домат

Потребни состојки:

  • 4 средно големи црни домати
  • 1 кг. црвени домати
  • 400 гр. кисела павлака
  • 300 гр. кашкавал
  • Брашно за црниот домат
  • Рендан лук по вкус
  • Оригано
  • Сол

Начин на подготовка:

Се мие црниот домат и сече на потенки кругови, па потоа се валка во брашно и се пржи на умерен оган. Пржениот домат се реди на салфетки за да се впие мрснотијата. Настрана се рендаат црвените домати и им се додава сецкан лук по вкус, малку оригано и сол и сето тоа се пропржува на оган. Во земјена тава се редат на дното круговите црн домат за убаво да го покријат дното, се полеваат со сосот од црвени домати, над нив се додава павлаката и сето тоа се пече во рерна околу 20′ на температура од 200°C. Неколку минути пред крајот се вади и се прекрива со рендан кашкавал. Јадењето е готово кога убаво ќе се стопи кашкавалот.