Ориз со туна

Потребни состојки:

  • 1 шолја ориз
  • Туна
  • 1 кромид
  • 2 моркови
  • Масло
  • Зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
  • Сол
  • Црн бибер

Начин на подготовка:

Во длабок сад се загрева масло и се ставаат претходно исецканиот кромид и морковот исецкан на коцки. Откако тие ќе се испржат, се додава оризот, се пржи додека оризот зарумени, па се зачинува со зачин, сол и бибер и се додава 2½ шолји вода. Потоа се остава да се вари на тивок оган сè додека водата не испари. На крај се додава туната и се промешува.

Сосови за прилог:

1. Мрсен
Се прави со павлака, мајонез, лук, копар сушен, сол и масло. Сите овие состојки се блендираат и со смесата се полева оризот.

2. Посен
Се прави со магдонос ситно исецкан, лимон, масло, сол и лук. Сите овие состојки се блендираат и со смесата се полева оризот.