277

За духовната борба – III дел

Кога лукавиот ќе затропа на нашите порти, ако му отвориме, тој целиот црн, што ќе ми даде? Што ќе донесе во мојот дом? Тој е смрдлив и ако не му отворам ќе се ослободам од тој смрад, и нема да има штета. Но ако му отворам тој ќе влезе и ќе ми изобразува разни приказни. И така јас страдам од лоши работи. Ако не отворам, не го примам злото и нема да сум крив. Односно јас не грешам. Но ако го примите, тогаш како последица од тоа ја земаме неговата злоба. Човекот има своја волја да одлучи дали ќе го послуша злото, или не. Може да го послуша Божјиот закон или да го прекрши. Човекот секој ден е на испит на Божјите закони, разбирате?

Како можеме да разликуваме кога ѓаволот ќе посака да не излаже, па да помислиме дека тоа е нешто од Бога, а не е? Како да го разликуваме тоа? Тоа е прелеста или вистина, светлост, или темнина, тоа бара расудување. Затоа што Божјото име во себе има смирување, има мир и тишина, има спокој во душата на човекот. Она пак што е од ѓаволот, обратно, има страв, има неспокој. Човекот лошо се чувствува. Но пред сé, човекот да биде сигурен дека е „тоа од десна, а ова од лева страна” потребно е да оди кај својот духовник и да му каже: „Ете вака и вака… правилно размислувам или не? Јас еве мислам дека тоа е правилно, ама не сум сигурен, затоа те молам ти научи ме.” Човекот помалку е изложен на опасности кога ќе се советува со духовникот, и сигурен е дека она што го добил е правилно, и го стекнува потребното (неопходното) искуство. Често ѓаволот војува против нас преку нашите блиски, роднините. Што треба да правиме кога тој делува на таков начин, преку пријателите, родителите? Ние треба да заземеме став кој му одговара на тоа искушение, кое ни го прават блиските. Разберете, кога нас тие ќе не турнат во грев, во зло, ние треба да ги оттурнеме, да ги отсечеме. Како ни вели Христос во Светото Евангелие: „Ако те соблазнува десното око – ископај го. Ако те соблазнува десната рака, нога – исечи ја. Подобро со едно око и со една нога да влезеш во Рајот, отколку со двете во пеколот.” Еднаш еден свештеник на Света Гора ми рече: „Добро Отче, кога ме соблазнува раката, јас ја сечам, ногата – сечам. А окото, како да го ископам? Не можам да го направам тоа.” Но тие Христови зборови се АЛЕГОРИЈА. Десно око, десна нога, рака, ги означуваат врските кои стојат зад тоа. Да го земеме за пример бракот, жената го има мажот, мажот ја има жената. Ако те соблазнува жената и те одвраќа од патот Божји, те турка кон ѓаволот, те води во грев, отсечи ја.

Продолжува