„Јас“

Бурното секојдневие, надворешните фактори кои постојано го допираат и повредуваат нашето битие, не треба да бидат причина за вознемиреност. Вознемиреноста настапува од нашиот некоректен однос кон она што нѐ опкружува, од влијанието на нашето сопственото „јас“. А како тоа се пројавува, ќе ни раскаже Митрополитот на Месогеја и Лавреотика, Николај:

„Нашето ’јас‘ се изразува или желбено – како барање, или чувствено – како право и прекумерна чувствителност, или разумно – како тврдоглаво размислување и утврден став. Наметнувајќи го нашето ’јас‘ стануваме неспособни да го слушнеме нашиот брат, и затоа не успеваме да го слушнеме гласот Божји. Одбиваме да го примиме другиот во нашиот живот и да ја разбереме неговата волја и затоа имаме потешкотии да ја прифатиме Божјата волја. Ближните ни се дадени во животот за да бидат видливите образи Божји во нашиот живот. Дозволувајќи нивната волја да влезе во нашиот живот, го олеснуваме во себе прифаќањето на Божјата волја. Мислејќи на нивните права, а не на нашите, ги препознаваме права правата Божји во нашиот живот. Слушајќи го со почит нивното мислење, дозволуваме просветлението Божјо да дејствува во нас. Така“, заклучува Митрополит Николај, „оној што се плаши од својата волја, кој не верува во своето расудување и ги отфрла своите права, заштитен е од нивното влијание и како последица на тоа го отфрла егото од својот подвижнички живот“.