Каква е Божјата љубов кон човекот?

Колку несогледлива е длабочината на Божјата љубов кон луѓето! Колку неразбирлива е таа за нас, кои при првата пројавена слабост од нашиот ближен, веднаш застануваме на местото на судијата и изрекуваме страшна, а неретко и доживотна пресуда во поглед на неговата личност! Зошто? Затоа што сме затворени за ближниот, затоа што не сакаме да го прегрнеме сведочејќи му дека само љубовта ги менува нештата, дека таа сѐ простува и на сѐ се надева.

Сакајќи да ни каже колку е чудесна љубовта Божја кон човекот, а со тоа и да предизвика во нас потреба од поголема љубов кон ближниот, Архимандрит Андреј Конанос пишува:

„Бог те сака дури и кога стануваш блуден син. И тогаш имаш вредност во Неговите очи, не затоа што си добар или лош, туку затоа што си дело на Неговата љубов, што си дело на Неговите раце. Имаш вредност и одиш на патот на кој се бориш и војуваш. И Бог не ти суди, зашто знае дека она што си денес е само миг, извесна етапа во твојот живот, а можеби и искушение кое го надминуваш, и знае дека пробуваш да се поправиш. Не ти успева, но сеедно, Бог те сака. Ти си како сликарско платно кое го гледа Христос и гледа како се трудиш да соработуваш со Неговата благодат, да ја земеш Неговата четка и да го насликаш Неговиот лик во своето срце, ликот Божји, ликот на Христовата љубов. Ама не можеш. Правиш грешки: Овде ќе направиш дамка на платното, овде го бришеш тоа што си го измачкал, овде сѐ превртуваш наопаку. ’Знам дека денес си погрешил. Но знам дека твоето платно сѐ уште е во процес на создавање и не донесувам никакви заклучоци за тебе. Те почитувам. Не те споредувам со никој’, – вели Бог“.