3684

Не испитувај ги човечките дела

Чувај се од интересирањето за туѓите дела, бидејќи таквото интересирање дава повод за клевета, осудување и други тешки гревови. Зошто се занимаваш со другите? Себе спознавај се и себе испитувај се – сеќавај се на поранешните свои гревови и труди се да ги измиеш со покајание и со скрушеност на срцето свое, па нема да гледаш што прават другите. Почесто загледувај се во своето срце и истражувај какво големо и погубно зло се крие во него, па ќе имаш доволно материјал за испитување. Зашто ние секогаш избегнуваме да го истражуваме своето срце, иако сме свесни дека во него се содржи секакво зло. Но ова истражување ќе ти биде од полза, бидејќи оттаму ќе се роди и смирението и стравот и бдеењето над себе си и воздишките и молитвата кон Бога, додека испитувањето на туѓите гревови е почеток на секое беззаконие и празна љубопитност, која и на Бога и на луѓето им е одвратна; затоа држи се понастрана од тоа.