За слободата на младиот човек

Светиот Старец Пајсиј Светогорец особено многу ги сакал децата и младите. Во една своја прилика, во врска со изборот на нивниот вистински животен пат, тој ја истакнал слободата, велејќи:

„Понекогаш, кога во разговорот со младите кои се занимаваат со прашањето за изборот на животниот пат, имам можност да видам на која страна натежнува вагата, но тоа не им го кажувам за да не влијаам на нив присилно. Единствено што се трудам да направам е онака како што знам и умеам да им помогнам, за тие да можат да го пронајдат вистинскиот пат и внатрешниот мир; да го отстранам од нив она што е штетно за да би можеле да бидат спокојни, та да им остане само она што е добро и свето, кое, пак, уште во овој живот ќе ги направи да живеат радосно во близината Божја. Да бидам искрен, без оглед на тоа кој животен пат ќе го избере младиот човек кого го познавам, јас ќе се радувам и секогаш на ист начин ќе се грижам за спасението на неговата душа. Но неопходно е тој да остане со Христа, во Црквата“.