Сабота од Четвртата седмица на Великиот Пост

Св. Јован Максимович: О, роднини и блиски на покојните! Правете го за нив тоа што е потребно и што е во рамките на вашите сили ползувајќи ги своите средства, не за надворешно украсување на гробот, туку за да им помогнете на оние во неволја, во спомен на своите покојни ближни, и на Црквата каде што за нив се вознесува молитва. Бидете милосрдни кон своите покојни, погрижете се за нивните души. Истиот тој пат лежи и пред вас. И колку тогаш ќе сакаме некој да нѐ спомне на молитва! Затоа да бидеме и ние милостиви кон упокоените…

Св. Јован Кронштадски: Неопходно е со љубов и од сѐ срце да се произнесуваат имињата на тие што ги спомнуваш, носејќи ги во душата нивните лица… не е добро пред лицето Божјо само да се редат со устата имиња, без учество и љубов на срцето… голема е разликата помеѓу бесчувственото редење на имиња и нивното срдечно спомнување.

„Тешко мене, колкав подвиг има душата, разделувајќи се од телото! Жално, колку солзи пролева тогаш и нема која да ја помилува! Кон ангелот ги крева очите, залудно се моли: кон човек ги подава рацете, но нема кој да ѝ помогне. Затоа, возљубени, мои браќа, мислејќи на нашиот краток живот, за претставениот просиме од Христа покој, и за душите наши голема милост“.