Богослужби

Годишен помен од блаженоупокоената игуменија Агнија

На денешен ден, 13 ноември, се навршува една година од блаженото упокојување на секогаш спомнуваната мати Агнија, игуменијата на нашата Свештена Пречистанска Обител, која долги години ѝ служеше на Пречистата Богомајка. По тој повод, вчера во благовештенскиот соборен храм на манастирот беше отслужена света заупокоена Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот почитуван архипастир, Митрополитот Дебарско-кичевски г.…

Во спомен на големиот воин св. Димитриј

Со копје прободен во ребра, заради во ребра прободениот Спасител на Крстот, го подражаваше Него, ранет со љубовта Негова, страдалнику Димитрие, покажувајќи им го на сите непобедливото во твоето сведочење. Затоа и ранетиот гонител падна, откако го прими твоето исповедање, Христов страдалнику! Денес, радувајќи се со Црквата Христова, пофалби му принесуваме на светиот Великомаченик Димитриј,…

Задушница

Колку чудесни созданија сме ние, луѓето! Во нас, на еден таинствен за нас начин се соединети две димензии: душевната и телесната. И додека сме на земјата, живееме за да ги задоволиме потребите и на своето тело и на душата своја. Ние сме присутни во овој свет и век, и се трудиме да постигнеме многу нешта,…

Во чест на преподобната Параскева

Со испоснички подвизи ја вооружи твојата душа, славна Параскево, ги скроти телесните телесните играња и умот, и ги направи живеалиште на божествената Троица, и се издигна таму каде што е нераспадливоста и спокојот на праведниците; со нив, пак, сега се радуваш и во слава стоиш пред Христа, со смелост молејќи се за душите наши. Браќата…

Сеноќен молитвен спомен во чест на слаткогласниот Свети Јован Кукузел

Божествениот псалт и еден од богопросветлените творци на небоподобното источно црковно пеење, светиот Јован Кукузел, одново го собра своето богољубиво стадо на сеноќно молитвено чествување, во Рајчичката света Обител на Победоносецот Георгиј, која свето го чува споменот на овој свој смел молитвен застапник и покровител на византискиот мелос што овде се негува. Умилното пеење на…

Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст

„За нас, Православните, болката и секаков вид страдање, во Крстот Христов добиваат едно сосема ново достоинство. Тие во Него се преобразуваат. Со нашата храброст, трпение и молитви, спомнувајќи си постојано за крстната смрт на нашиот Спасител, таа горка чаша, постепено станува слатка чаша на бесмртноста... Секој од нас си го носи својот крст. Дури и…