2370

Свети Нектариј Битолски – нектар на благодатта во Рајчичкиот параклис

Нектару на боготворни доблести, себлажени, на атонските отци си им станал жив извор на благодат, точејќи им од него Христови небесни духовни потоци на оние што вистински те возљубиле и кои верно ја чуваат светлината на твоето животворно кандило, како што ти ја чуваше незалезната светлина. Си се покажал како Христов нектар, Нектарие, затоа измоли Го и нас да нѐ удостои со Неговиот божествен нектар.

Стиховна стихира на празникот

Празнувајќи го радосно светлиот спомен на молитвениот застапник и еден од патроните на параклисот, Светиот Нектариј Битолски, Рајчичкото сестринство достојно ги прослави неговите подвизи на славната гора Атонска со сеноќно бдение во негова чест. Со тоа сестрите на светилиштето на Победоносецот ја продолжија воспоставената традиција, со сеноќна молитва да му ја искажуваат на Преподобниот својата благодарност, што уште од самите почетоци тој усрдно се застапува за оваа света Обител и што по неговото застапништво сестрите ревносно се трудат да го подражаваат неговиот монашки подвиг и неговите деноноќни напори телото и страстите да им ги потчини на духот, уништувајќи ги сите замки демонски.

Преподобен оче наш, Нектарие, битолска пофалбо и моќно застапништво на нашиот народ, не нѐ лишувај никогаш од твоите топли молитви пред Престолот Божји и биди ни постојано светла ѕвезда водилка по тесниот патот на спасението за и ние како тебе да Го придобиеме најслаткиот Христос.