Вечерна на љубовта

Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!“

Воскресението Христово е придобивка за целиот свет. Воскреснатиот Господ, Кој го победи гревот и смртта, ги повикува сите луѓе, без разлика на народност или религија, да Го следат Него и да земат учество во Неговата победа, која Тој ја извојува со своето крајно смирение, и со тоа на човечкиот род му го обезбеди лекот против гревот, најсмртоносната болест, што од Адама жестоко го мачеше.

Така и ние, откако го видовме Христовото воскресение, според Неговата заповед, на вечерната богослужба од првиот ден на Пасха, наречена Второ воскресение, или Вечерна на љубовта, го објавуваме сеславното Негово воскресение од мртвите на сите народи. Имено, светото Евангелие за воскресението оваа година беше прочитано на четиринаесет јазици: црковнословенски, старогрчки, латински, бугарски, англиски, француски, германски, руски, шпански, српски, италијански, албански, ромски и македонски.

За време на пеењето на Пасхалните стихири, Пасха свештена нам ни се покажа, сите присутни се поздравија со радосниот поздрав Христос воскресна. После трпезата и пасхалното повечерие, беше приредено почерпание за сите гости.