Настани

Посета на Претседателот на Р. Бугарија и на двајца митрополити на БПЦ

Навечерие на Неделата на простувањето Денес, во навечерието на Неделата на простувањето, по Божја промисла, Свештената Бигорска Обител беше удостоена со посетата на мошне високи и значајни претставници на бугарската држава и Црква. Имено, за прв пат во долгата историја на нашиот Манастир, денес во посета дојде првиот човек на друга држава – Претседателот на…

(АУДИО) Успешен настап на монашките хорови на меѓународен фестивал во Грција

Осмиот меѓународен хорски фестивал, што се одржа во градот Солун, Грција, на 18 и 19 ноември 2017 лето Господово, меѓу бројните учесници, за свои драги гости ги имаа и слаткогласните монашки хорови од свештените обители: Бигорски, Рајчица и Пречиста. Настапувајќи на вториот ден од фестивалот, монасите низ источно-византиски песни и химни им ја пренесоа на…

Стражарницата и чешмата на влезот во Рајчица со нов разубавен лик

Деновиве, после повеќе од една година реставраторски активности, на голема радост на нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј и на монашкото сестринство на Свети Георгиј Победоносец, најпосле е завршена обновата на манастирската стражарница во Рајчица, заедно со прекрасната чешма што се наоѓа пред влезот на манастирот. Ова е веќе втора реставрација на споменатиот објект, инаку некогашно…

Втор семинар на професорите по предметот „Етика во религиите“

Во периодот од 27-28 ноември 2017 лето Господово, во х. „Молика“ во Битола, со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, а под покровителство на Скопската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Струмичката епархија на Македонската православна црква, Асоцијацијата на професорите по предметот Етика во религиите „Просветление“ (АПЕР „Просветление“), спроведе дводневен меѓународен семинар…

Бигорски се радува на новите мошти

Со силата на Сонцето на правдата ќе се открие славата на Светиот Дух, која ги покрива и облекува телата на светиите, онаа слава што ја имале тие скриена во своите души. Зашто она што го има душата во себе...тоа ќе го облече со слава телото. Св. Макариј Велики Облагодатените свети мошти отсекогаш биле отсјај на…

50 години автокефалност на МПЦ-ОА

...Но печалната и мрачна пустиња ми изгледаше светол, радостен, земен рај, кога низ умо ми минуваше во каква состојба се наоѓа мојата татковина, а посебно мојата Струмица, како ги гледаш нашите попови до еден како служат на грчки, а не знаат ниту една грчка буква: ги гледаш во црквата како зборуваат „кириелејсон“ а пак не…