Детска радост во Бигорски и Рајчица

 

Оставете ги децата да приоѓаат кај Мене и не пречете им,
зашто на такви е царството Божјо
(Марко 10,14)

 

На спокојната молитвена атмосфера во Бигорскиот Манастир денес ѝ се надоврзаа ангелските гласови на дечињата – ученици од трето одделение од основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар, Скопје. Имено, во рамките на нивната школска екскурзија, тие ги посетија и нашите манастири Бигорски и Рајчица, предводени од нивните благочестиви учителки: Десанка Спироска – долгогодишно духовно чедо на Бигорската Обител, и нејзината колешка, Тања Василевска, во придржува на други вработени од истата образовна институција. Дечињата имаа средба и со нашиот Старец, Архимандрит Партениј, пред кого испеаја неколку христијански песнички. Старецот, пак, ги благослови од длабочината на своето срце и на сите им подари детска сликовница за Страданијата и Воскресението на нашиот Господ Исус Христос.