Соопштенија

Видео содржини

Почитувани наши читатели, Со голема радост ве известуваме дека видео страницата на којашто се работеше подолго време наназад, најпосле се достапни. Тука, на едно место, на многу лесен начин и во доста прегледни категории ќе можете да ги гледате сите наши некогашни видео содржини, збогатени со нови документарци, цртани филмови, гостувања, интервјуа и кратки спотови…

САС на МПЦ-ОА со официјално соопштение го поддржа договорот меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија

Светиот архиерејски Синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) на својата седница, одржана на 25 септември 2017 година, го донесе следново:   СООПШТЕНИЕ   САС на МПЦ во пресрет на централната прослава „50 години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ – ОА“ која ќе се одржи на денот на Соборот…

Честитка по повод Денот на независноста

Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа. Колку еден народ има поразвиено самосознание, толку повеќе тој ја цени слободата. Ив. С. 8ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот. Братството на Свештената Бигорска Обител на…

Покана за манастирската слава

Недела, 10 септември 18:30 ч. - Свечена архиерејска Вечерна богослужба на која еден член од нашето свештено Братство ќе се причисли кон светиот ангелскиот монашки ред   Понеделник , 11 септември 7:30 ч. - Утрена богослужба 8:45 ч. - Пречек на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски, Неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј 9:00 ч. - Света архиерејска Златоустова Литургија   Ги повикуваме сите благочестиви Православни Христијани…

Соопштение по повод празникот на Пресвета Богородица

На денот кога го славиме сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во свештената Бигорска обител ќе се отслужи ❈ Сеноќно бдение, коешто ќе започне на 27 август, во 21:30 часот. Во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии. Благослов да присуствуваат на бдението имаат…

Покана: И оваа година Литургија на врвот на Голем Крчин

Почитувани, Монасите и монахињите од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, и оваа година со особена радост ве информираат, а воедно и покануваат да бидете дел од еден несекојдневен по својата убавина настан, кој од година во година зема сѐ поголем замав и привлекува огромен број на љубители на планините – искачување на врвот Голем Крчин. Она…