Покана за манастирската слава

На денот кога го славиме сечесниот спомен на Рождеството на нашиот возљубен патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован

 

Во четврток спроти 7 јули во Бигорската свештена обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а со кое ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион.

 

Во петок наутро, на 7 јули, во 08:30 часот ќе биде пречекан Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и нашиот надлежен владика, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

 

Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:00 часот и со неа ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, во сослужение на Високопреосвештените Митрополити г. Тимотеј и г. Иларион.

 

На бдението ќе пее познат хор од Атина, Република Грција.

 

 

На торжествената манастирска слава се покануваат сите православни верници коишто негуваат почит и љубов кон светиот Претеча и Крстител Господов и кон неговото славно бигорско светилиште и коишто, заедно со монашкото братство, сакаат молитвено да го прослават споменот за неговото Рождество.