Покана за манастирската слава

  • Недела, 10 септември
    • 18:30 ч. – Свечена архиерејска Вечерна богослужба на која еден член од нашето свештено Братство ќе се причисли кон светиот ангелскиот монашки ред

 

  • Понеделник , 11 септември
    • 7:30 ч. Утрена богослужба
    • 8:45 ч. Пречек на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски, Неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј
    • 9:00 ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија

 

Ги повикуваме сите благочестиви Православни Христијани да се присоединат кон големото торжество на чесниот и славен Претеча, бидејќи тој е тогаш особено присутен и ги слуша молитвите на оние кои го повикуваат, во денот на неговиот празник; кога најголемиот меѓу родените од жена ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите оние кои го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува штом ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својот празник, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат!