Соопштение од САС на МПЦ-ОА

Светиот архиерејски синод (САС), на Македонската православна црква – Охридска архиеископија (МПЦ-ОА), на својата редовна седница, одржана на 13 март 2018 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот, при што посвети посебно внимание на дејноста на воспитно-образовните институции, како и за престојните прослави на црковните јубилеи. Ова 2018 лето Господово е јубилејно и нашата Црква ќе ја одбележи илјадагодишнината на Охридската архиепископија, во катедралниот храм на Охридските Архиепископи – “Света Софија” во Охрид на 28 мај. Исто така, во првата седмица од месец октомври 2018 година, ќе се одржи и Архиепископски црковно-народен собор и ќе се одбележат 60-те години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ.

Светиот Синод, обрна посебно внимание на Предлог-текстот за промена на Уставот на Српската православна црква (СПЦ), и со жалење констатира, дека    истиот содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија, како и грубо мешање во јурисдикцијата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.            

Со ова, СПЦ покажува своевиден анахронизам, контрадиктторност и непринципиелност кон своите сопствени одлуки:

– САС на СПЦ бр. 1744/ зап. 343 од 26 јуни 1959 година,  чл. 165 точка 6  кадешто се вели: “Со оваа Одлука, престануваат да важат прописите од Уставот на СПЦ, за епархиите и архиереите на територија на НРМ.”

– Истата Одлука на Синодот е потврдена на Светиот архиерејски собор на СПЦ – АС бр. 47/958 од 17 јуни 1959 година, донесена во Белград.

Кој има очи – ќе види и кој има уши – ќе слушне!

 Од Канцеларијата на САС на МПЦ