1249

125 години Православие во Чикаго

Извор:

Седум православни ерарси и десетици духовници отслужија торжествена Литургија по повод навршување 125 години Православие во американскиот град Чикаго.

Во торжествата учествуваа Митрополити од Вселенската Патријаршија, Руската задгранична Црква, Српската Патријаршија и Американската Православна Црква. На епископите им сослужуваа повеќе од 60 свештеници од речиси 10 православни јурисдикции во Чикаго.

Во текот на 1982 година, група православни мигранти ја создадоа првата православна општина во Чикаго, којашто подоцна се разграни на 80 православни цркви и енории во овој северен американски град. Првите православни христијани во Чикаго беа Грците, коишто го формираа грчко-славјанското братство. Подоцна кон нив се присоединија и православните христијани од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, потоа Карпатските Руси и Французите, коишто тогаш беа дел од австро-унгарската империја. Во тоа време беа изградени и храмот „Св. Владимир“ (при Грчката Архиепископија), храмот „Св. Троица“ (сега при Американската Православна Црква) и храмот „Воскресение“ (при Српската Патријаршија).

Денес во Чикаго постојат 80 православни енории.