1146

Гватемала: Отворена православна семинарија „Св. Андреј“

Извор:

За сѐ поревносните кандидати во Гватемала каде што Православната Црква интензивно се развива, отворена е нова духовна семинарија. Програмата на семинаријата е насочена кон образование на секаков вид на црковни раководители, како клирици така и мирјани и предвидува одржување на предавања преку интернет и скајп.

„Денес започнавме со духовната семинарија во Ел Агуакате, Гватемала. Тоа е двогодишен курс на предавања за луѓе кои што се надеваат да се стават на служба на Црквата како ѓакони, свештеници и други црковни кадри. Се изведува преку директни предавања во Гватемала и преку скајп од страна на шпански предавачи. Исто така преку духовни работилници се спроведува Веронаука за илјадници мирјани во Мексико и Гватемала. Уште во 2010 година 500 илјади жители на Гватемала беа примени во лоното на Вселенската Патријаршија, а од тогаш сѐ повеќе и повеќе се зголемува бројот на поединци и цели заедници кои масовно влегуваат во Православната Црква“.