Нови научни испитувања врз Торинската плаштаница

Извор:

Според новите испитувања спроведени со најсовремени научни методи, научно е потврдено дека на Плаштаницата се сочувани крвави траги на човек кој пред смртта претрпел мноштво сериозни повреди. Истражувањето покажа дека нишките на Торинската плаштаница, потполно се прекриени со наночестички на креатинин поврзани со честички од феритин.

Високото ниво на креатинин и феритин во крвта е непосредна последица од страдањето што го претрпува човек, како резултат на силни повреди, меѓу другото и во време на тортура. „Според тоа, присуството на овие биолошки нано честички, пронајдени за време на експериментот, укажува на насилната смрт на човекот којшто би завиткан во Торинската плаштаница“, заклучува професорот Џулио Фанти од Универзитетот на Надуи, кој учествуваше во испитувањата на оваа реликвија. Истото го потврдува и Елвио Карлино од Институтот по кристалографија во Бари, инаку раководител на ова ново испитување на Плаштаницата. Сега веќе нема никакви сомнежи дека во Плаштаницата било завиткано тело на човек подложено на тортура и убиено на таков начин како што е тоа опишано во Евангелието, кое раскажува за распетието на Исуса Христа на Крстот.