852

Од четвртата меѓународна православна младинска средба во Романија

Извор:

Пред неколку дена заврши четвртата меѓународна православна младинска средба во Романија.

На средбата присуствуваа над 6 илјади младинци од целиот православен свет, односно од САД, Кенија, Уганда, Србија, Грција, Полска, Украина, Русија, Белорусија, Белгија, Монголија, Индија, Шведска и Бугарија.

Во своето обраќање кон младите, Романскиот Патријарх Даниил го потенцира проблемот на слободата, велејќи дека „православниот христијанин како слуга Божји е вистински слободен човек. Денес младите луѓе се во голема духовна потрага и тие се разочаруваат пред сите оние нешта кои општеството им ги предлага, а се базираат на материјалното, инцидентното, ограниченото и минливото, што во никој случај не може да ја нахрани душата“.

Патријархот исто така истакна дека, оние коишто го бараат вистинскиот мир и радоста, можат да ги најдат и добијат единствено од Христос.

Митрополитот на Молдавија, Теофан, пак, обраќајќи им се младите истакна: „Овој настан е уште една прилика да се докаже дека и покрај многуте разлики, преку Божјата благодат, можете да бидете и Христијани, и млади, и слободни во исто време“.

Следната меѓународна православна младинска средба ќе се одржи во градот Сибиу, во септември 2018 година.