2111

Патра: Владата преименува болница наречена во чест на Св. Апостол Андреј

 

Митрополитот на Патра, Хризостом, испрати отворено писмо до министерот за здравство на Грција, Андреас Ксанфос. Ерархот на Грчката Православна Црква го изрази своето несогласување со преименувањето на здравствениот дом „Свети Андреј“ во градот Патра.

„Жителите на Патра, со голема збунетост ја забележаа новата реклама на болницата ’Свети Андреј‘, која сега е наречена ’Општа болница на Патра‘. Треба да се истакне, дека името ’Свети Андреј‘ е нераскинливо поврзано со оваа здравствена институција уште од самото нејзино основање. Под ова име неа ја препознаваат во цела Грција.

Како што е познато, Свети Апостол Андреј Првоповикан е основач на Црквата во Патра и покровител на нашиот град. Значи нашиот град е нераскинливо поврзан со неговото име. Апостол Андреј е дишење и живот на Патра (овде тој поучувал и правел чуда. Во Патра се наоѓа местото на неговото погребение, тука се и неговата глава и крстот на кој Светиот претрпел мачеништво).

Во контекст со ова, бараме на болницата задолжително да ѝ биде вратено нејзиното историско име. Таквото решение ќе ја отстрани неправдата и ќе ги израдува жителите од нашиот град“.

Извор: Православие.ру