Пронајдена Ноевата арка

Извор:

Истражувачите, претставници на организацијата NAMI (Noah’s Ark Ministries International), изјавија дека „со сигурност од 99, 9 %“, успеале да најдат фрагменти од библиската Ноева арка. Според зборовите на експертите, древни штици се сочувале меѓу слоевите од снег и вулкански наноси на планината Арарат во Турција. Експертите, повикувајќи се на резултатите од извршеното датирање со јаглеродни атоми, тврдат дека пронајденото дрво е старо повеќе од 4800 години, наведува Daily Express.

Како што се тврди, на штиците можат да се видат нерамнини кои наликуваат на жлебови, кои особено активно се применувале во градењето до појавата на клинците. Должината на некои пронајдени предмети, според зборовите на претставниците на NAMI, е околу 20 см., а на другите достигнува и до 20 м. Претпоставените „остатоци од Ноевата арка“, како што се наведува, биле пронајдени на висина од околу 4 км над морското ниво.

Ќе напомниме дека соопштенија за тоа дека претставниците на NAMI ја пронајдоа Ноевата арка се појавија и претходно, поконкретно во 2010 година. Тогаш многу експерти ја примија таа вест крајно скептично, односно, тие изјавија дека ниту во еден научен труд со рецензија не се појавил натпис посветен на пронајдокот, а тоа значи дека не треба да се зборува за неговото објавува пред научниот свет – прес изјавата сама по себе не е реален доказ за археолошко откритие. Освен тоа, некои специјалисти коишто ја прокоментираа веста, не исклучија дека дури и да е точна веста за древни фрагменти од дрво, датирањето со јаглеродни атоми може да биде проследено со пречки и да даде неточни резултати – повторно, отсуството на научна статија во научните трудови не дава простор со сигурност да се тврди спротивното. Уште повеќе, низа научници тогаш изјавија дека тогаш на планетата, едноставно, немало доволно вода за да ја однесе арката на таква височина.