Романската Патријаршија апелира за поголема заштита на детскиот живот и здравје

Извор:

Етичката и правна комисија при Романската Патријаршија излезе со јавна поддршка само за оние програми за вакцинирање кои совесно ги исполнуваат своите терапевтски цели. Таа напомна дека одредените негативни појави за коишто се зборува во памфлетите, а се однесуваат на вакцините, може да предизвикаат двоумење и резерви кај некои родители во врска со примената на овие медикаменти врз сопствените деца. Ваквите двоумења се природни и треба да бидат внимателно разгледани и детално продискутирани со стручен медицински персонал за да се обезбеди стручен совет и најдобри препораки за родителите.

Според тоа, родителите мора да бидат потполно уверени од страна на одговорните институции и фармацевтски компании дека вакцините доаѓаат од безбедни извори и дека е предвидено сносење на кривична одговорност и мерки за произведувачите и јавните институции доколку се појават некакви негативни ефекти.

Од голема полза за децата и семејствата во Романија ќе биде детално, прецизно и транспарентно информирање за сите активности поврзани со процесот на вакцинирање. Доколку се постигне поголема информираност за безбедноста и стандардот на квалитет во врска со производството, транспортот и примената на вакцините, тогаш повеќе родители ќе го прифатат вакцинирањето на нивните деца.