Сирија: Во Забадани, после 6 години се отслужи првата Литургија

Извор:

 

Христијаните започнуваат да се враќаат во ослободените области на Сирија кои беа зафатени од терористите. По успешните воени операции на сириската армија, по долината Вади-Барада на запад од Дамаск се зацари мир. Во градовите Забадани и Мадаја продолжува повторно воспоставениот мирен живот, вклучително и целосното обновување на разрушените храмови.

Традиционално во тој регион живееја многу православни Сиријци, кои без оглед на сите тешкотии, веќе се враќаат во родните места. Заедно со верните од тие места се враќа и молитвата во локалните христијански храмови. Во дел од нив, на иницијатива на вратените од прогонство христијани, во православниот храм во градот Забадани, за првпат после 6 години се отслужи Литургија.

Регионот по долината на Вади-Барада во Сирија, е наречен рајска област поради природните убавини и клима. Според локалното предание, во тамошните планини Каин го погребал својот брат Авел, кого што претходно го убил. Шест години тоа место беше арена на воен конфликт. Исламистите на Џабат ан – Нусра, востановија строг шеријат, поради што побегнаа десетици илјади жители. Но во март оваа година исламистите беа протерани од таму.

После изгонувањето на исламистите, сириската армија повторно ја врати контролата над 130 км од границата со Либан, ставајќи крај на трговијата со дрога. Денес во оваа област, без оглед на значителната разурнатост, се вратија околу 20 илјади луѓе. Вратена е водата и електричната енергија. Властите, ООН и рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, овозможија снабдување со храна, лекови и други предмети за основни потреби.