944

Одлична добротворна акција во Москва за старите и сиромашни лица

Извор:

Добротворниот фонд „Фонд за храна ’Рус‘“, со поддршка на движењето „Православни доброволци“ и волонтерски здруженија, во Москва го организира првиот градски маратон „Продукти за провинциите“. Во текот на акцијата, волонтерите, во неколку продавници, собраа 30 тони производи за исхрана за сиромашните постари луѓе, кои живеат во пооддалечените населени места. Волонтерите ќе ги достават производите до секој пензионер, до крајот на месец декември.

Волонтерите ги известуваат сите оние што сакаат да се приклучат на оваа акција, дека можат тоа да го направат во најблискиот маркет, со купување на производи кои потоа ќе ги дадат на самата каса во продавницата.

Како што раскажуваат раководителите од Фондот, првата етапа на акцијата поминала одлично. Повеќе од илјада волонтери на 2 декември ги посетиле маркетите ширум Москва и неколку часа ги повикувале купувачите да направат добро дело! Некои купувачи, а особено младите луѓе, и самите им укажале помош на волонтерите, раздавале летоци и собирале донации за храна.