3555

Игуменот на Дохијар Григориј: Расото е крст! Расото е знаме Христово!

Извор:

„Ние, пастирите, треба да сме скромни, а народот да е послушен. Благодарен сум на тоа што со својата едноставна и смирена облека го покажувате патот Божји. Ние, односно оние што носат расо, треба да бидат достоинствени и внимателни. Расото е крст. Расото е знаме Христово. Христос не оставил друго знаме, освен расото. Монаси, свештеници, епископи, сакајте го расото!

Никогаш да не дозволите да бидете сметани за Божји управители на земјата! Многу пати сум слушал како свештениците велат дека тие се управители Божји на земјата. Не си управител, туку си послушник Божји овде на земјата!

Дали јас сум управител Божји на земјата? Дали мојата личност, моето присуство е погодна за управување? Не, никако. Јас сум послушник Божји – и тоа лош послушник, лош работник на Неговото лозје. Старец Амфилохиј од Патмос велеше: ’Секоја вечер испитувајте се дали можеби некого сте соблазниле! Можеби сум сторил нешто во мојот живот што довело до тоа некој да ја напушти Црквата‘. Тоа е проверка која треба да ја практикуваме сите ние кои носиме расо“.