Јерархијата на ГПЦ поделена за „македонскиот“ митинг во Солун

Извор:

Дури тешко е и да се каже дека јерархијата на ГПЦ (82 митрополита) се разделила, зашто само неколку од архиереите беа присутни на грандиозниот политички митинг покрај историската Бела Кула (Левкос Пиргос, Бејаз Куле) во „северната престолнина“ на Грција. Помеѓу организаторите на овој митинг беше и Солунската митрополија на ГПЦ, но во крајна сметка одговорија само осум останати митрополити на северните епархии на земјата. Студениот однос на грчките архиереи кон овој политички митинг се објаснува со нивното немање желба политичките кругови повторно да го искористуваат авторитетот на ГПЦ и нејзината способност да мобилизира повеќе народ, отколку која било политика сила (кои никогаш не дејствуваат заедно).

Во неколку наврати во Солун се одржувале митинзи против некои претензии на Република Македонија, во содејство со Солунскиот митрополит Антим. Но сегашниот претстојател на ГПЦ, архиепископот Јероним II, е против политичките пројави. „Го претпочитам тешкото наместо лесното!“. Додека очигледно има предвид дека е лесно Црквата да собере, на пример, еден милион души на митинг, но тешко е да се постигне разбирање со северниот сосед, Р. Македонија, по прашањето за името на земјата, како и (во следна етапа) за признавањето на Македонската православна црква.

Во својата кратка изјава, архиепископот Јероним доследно вели: „Прашањето е што претпочитаме: лесното или тешкото? Јас го претпочитам тешкото. Свештениот Синод излезе со добра декларација, во која се потенцира дека Црквата не го прифаќа името Македонија и произведените од него. Треба со разум, трезвеност и ладни глави да ги решаваме потешкотиите“.

После митингот, во одговор на прашањето на новинар зошто не учествувал заедно со другите архиереи, архиепископот Јероним го праша: „Вие преброивте ли колку (митрополити) беа?“. Новинарот одговори: „Преброив девет“. Краткиот разговор со архиепископот заврши со зборовите: „И што се толкумина наспроти 82?“.