Документарен филм: Православната мисија на Григоријат во Колоези – Конго

Пред неколку дена го објавивме со македонски превод краткиот документарен филм за животниот пат и делото на архимандрит Георгиј Капсанис, игуменот на светогорскиот манастир Григоријат.

Главното дело и мисија на старец Георгиј, како и на секој Христов духовен воин, беше објавувањето на Евангелието за спасението на луѓето на секој човек. Во случајот на овој блажен старец, тоа особено се пројави со мисионерството во африканските земји, најпрвин преку работата на рамноапостолниот о. Козма Григоријатски, а потоа и преку делото на митрополитот на Катанга, г. Мелетиј Григоријатски.
Исто така, важно е да се спомене и неговата, за нас најзначајна, вклученост во обновата на општежителното монаштво и во нашата татковина.

Овојпат, на нашите читатели им го предлагаме прекрасниот филм за Христовата светлина во Конго.